- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Германија: Митинг против АКТА во Берлин – сигнал за политичарите, потсетување за граѓаните

Категории: Западна Европа, Германија, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Закон, Политика, Протест, Технологија

(Линковите водат до содржини на англиски, освен ако не е назначено поинаку)

„Не заборавете да бидете против АКТА“ - со оваа полухумористична порака организаторите на протестот против АКТА ја затворија демонстрацијата на 9 јуни 2012 г. во Берлин. На Европскиот ден на акција против АКТА [1], околу 500 луѓе чекореа низ берлинските улици, марширајќи против контроверзниот договор против фалсификување [2] за кој се верува [3] дека ќе наметне нови криминални санкции со кои Интернет-операторите ќе бидат присилени да ги набљудуваат и цензурираат комуникациите онлајн.

До сега, 30 земји го имаат потпишано [4] АКТА (ACTA), но последниот збор [5] за тоа дали договорот ќе стапи на сла ќе го има Европскиот Парламент. Гласањето се очекува на пленарна сесија на почетокот на јули.

Тие велат АКТА е мртва

Some 500 people protested against ACTA in Berlin. Photo by Kasia Odrozek

Околу 500 луѓе протестираа против АКТА во Берлин. Фото: Кашја Одрозек

На прв поглед, релативно скромниот број демонстранти може да изгледа разочарувачки во споредба со многуте илјадици луѓе кои протестираа [6] во февруари. Дали луѓето заборавиле на АКТА?

Не треба да се бара многу по можните одговори. Освен Европското првенство во фудбал [7] кое привлекува најголем дел од вниманието овие денови, постои и силно уверување дека АКТА е мртва и дека опасноста е мината. На веб-локацијата на Европската организација за дигитални права [8] на 9 јуни можеше да се прочита следното:

По сите најави за смртта на АКТА, човек може да се чуди зашто да се придружи на демонстрации против АКТА денес. Во април, европскиот парламентарец одговорен за досието на АКТА изјави дека АКТА била мртва [9]. Во мај, европскиот комесар за информатичко општество, Неле Крос, рече [10] дека АКТА била мртва. Сега, во јуни, четири различни комитети на Европскиот Парламент ја отфрлија [11] АКТА. Дали никој нема да се појави на демонстрациите?

On the European Action Day Against ACTA activists marched through the streets of Berlin. Photo by Kasia Odrozek

Активисти маршираат низ улиците на Берлин на Европскиот ден на акција против АКТА. Фото: Кашја Одрозек

Останува фактот дека илјадници луѓе низ цела Европа и неколку стотици во Германија излегоа на улиците да испратат уште еден сигнал до политичарите и едно потсетување до општеството. Германскиот активист и блогер, mspr0, кој беше присутен на демонстрациите, напиша [12] (на германски) на неговиот блог на 8 јуни:

Знам дека личи дека работата е завршена. Но, не е. Во позадина, тие се обидуваат да спасат што е останато да се саси и ние мора да испратиме јасна порака.

Зошто АКТА е добра идеја?

Покрај mspr0, неколку други активисти зборуваа на манифестацијата. Петер Сунде [13], коосновачот на Пајрат Беј [14] и Флатр [15], го претстави Хенрик Чулу од данскатата организација за дигитални права Битбиро [16].

На следното видео, објавено на Јутјуб на 10 јуни од авторот на постов, може да го видите Хенрик како зборува за важноста да се остане буден, бидејќи АКТА не е последниот предлог-закон на кој ќе мора да се спротивставиме. Тој исто така укажа дека овој договор имаше и добри последици за Европа, бидејќи нè потсети колку кршлива и важна е слободата на интернет, како и поттикнувањето луѓето да се вклучат во политиката и да заземат став во одбрана на нивните дигитални права.

Овде [17] може да најдете фото-извештај од протестот, објавен од германската НВО Дигитале Геселшафт [18], која го поддржа протестот и е меѓу водечките застапници на германското движење против АКТА.

"Let our Internet in peace, or we will take your fax-machines away" - activists at the demonstration on June 6, 2012. Photo by Kasia Odrozek

„Оставете го нашиот Интернет на мира, или ќе ви ги одземеме факс-машините“ – активисти на демонстрацијата на 9 јуни 2012 г. Фото: Кашја Одрозек

Европскиот ден на акција против АКТА заврши, но гласањето во ЕП останува на агендата. Добро е да се знае дека нетизените внимаваат на парламентарците, дури и ако се работи за „само“ неколку стотици активисти. Веќе видовме дека, ако има потреба, тие се способни да мотивираат стотици илјади луѓе.