- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Венецуела: Суштината на африканската музика во видео спотови

Категории: Латинска Америка, Венецуела, Граѓански медиуми, Музика, Уметност и култура

Африканските корени на Венецуела можат силно да се почувствуваат во музиката и културата на крајбрежните региони во земјата. Традицијата е голема и е изразена во неколку форми. Како таква, со секој удар на венецуелските тапани се чувствува поврзаноста со брегот, со плажата, со сантеријата [1] и нивните прослави и танци. Различните форми на изразување варираат, а секоја од нив има свои особености.

Веб-сајтовите за социјално вмрежување играат важна улога со тоа што им помагаат на луѓето подобро да се запознаат со тапанарските фестивали. Сајтовите на граѓанските медиуми, а посебно Јутјуб, вклучуваат снимки со музика и танци изведувани за време на разни настани како што се семејни забави, државни празници или викенди на плажа. Еве неколку примери:

Во оваа видео снимка насловена како ‘Aфро-Венецуелци’, unique5589 [2] го објаснува потеклото на африканските влијанија во Латинска Америка, која е една од главните теми на овој канал на Јутјуб.

Во текот на годината, на повеќе пригоди може да слушнете како на различни начини се свири овој вид музика. Инструментите и стилот на танцување се различни во различни региони. Ако сакате да се запознаете со раскошниот свет на африканско-венецуелската музика би било добро да погледнете неколку видео записи на Јутјуб. Видео записите ќе ви овозможат да ги почувствувате длабоките корени и древните обичаи на културата на мелезите во Венецуела.

Понатамошното пребарување низ веб-сајтовите на граѓанските медиуми ќе ви овозможат да видите огромен број видео записи од различни форми на музичко изразување. Следните видео снимки ги покажуваат регионалните разлики во танцувањето, ритамот и видовите на тапани кои се користени:

Тапани од централниот северен регион на Арагуа, споделено од malajunta [3]:

7 Chimbagueles; одреден вид на тапани кои се користат во седечка положба додека се слави празникот Св. Бенедикт, споделено од Aдријан Херера [4]

Тапани од Наигуата, северно крајбрежно село, споделено од Genuinos Venezolanos [5]:

Калипсо тапани од Антилите. Видео записот го објави Jameg556 [6], а го објаснува потеклото на овие инструменти и покажува примери од ритамот кој може да се произведе:

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=tbeIORHIXmw [7]

На крај, венецуелската божиќна традиција: бас тапан–звукот кој најверојатно ќе го слушнете за време на декемвриските празници. Звукот потекнува од западот на државата, а ритмите може да се слушнат низ земјата околу Божиќ. На видео записот поставен од Fools942 [8], јасно може да видите како се употребува овој вид бас тапан.

Сликата „Tambores de Curiepe“ на Фликр корисникот danielito311 [9] е користена под лиценца на Криејтив Комонс наведи извор-некомерцијално 2.0 (CC BY-NC 2.0) [10]