Гватемала: Домородните и руралните заедници маршираат за одбрана на нивното земјиште

Овој пост е дел од нашата специјална репортажa Правата на домородното население.

Илјадници домородци од Гватемала и campesinos (селани) учествуваа во деветдневен марш за зачувување на нивното земјиште, за протестирање против принудната релокација и за да се привлече внимание на другите проблеми од кои се погодени руралните заедници. Културно преживување објаснува:

Организирано од Comite de Unidad Campesino, (CUC) [Комитет за Campesino единство] маршот го бара вниманието на државатa Гватемала, како и на локалните, националните и интернационалните медиуми за проблемите со кои се соочуваат руралните домородци и мнозинството селани во земјата.

Извештајот продолжува:

Водачите на движењето дадоа изјава за медиумите, „Декларација на Маршот за отпор и достоинство, за одбрана на земјата и територијата“ во која ги наведоа следните барања- повторување на жалбите на домородното население и селаните во Гватемала:

  • Елиминирање на аграрниот долг наметнат на фармерите од државата; праведна распределба на земјата со што ќе им биде овозможено на фармерите да имаат барем земјиште за егзистенцијални земјоделски култури.
  • Прекин на присилните релокации, особено на тековниот проблем во долината Полочик, Алта Верапаз, каде стотици семејства беа присилно иселени од нивните домови за да се направи место за африканските палмени и шеќерни плантажи во март 2011.
  •  Крај на прогонствата и криминилизацијата на домородците кои се борат за нивните права, вклучувајќи ги и 8-те жени доморотки од Сан Мигел Икстахуачан за кои има наредба за притворање заради тоа што зборувале против рудникот Марлин.
  • Прекин на концесиите за рударење, петролеј, хидроелектрика и монокултурно земјоделство.
  • Во конгресот, одобрување на предлог-законите кои се во интерес на сиромашните и домородните заедници, вклучувајќи го и предлог-законот4087, кој се однесува на медиумите на заедниците и со кој би се легализирало радиото на заедницата.

Фотографот и блогер Џејмс Родригез издаде фото есеј за пристигнувањето на демонстрантите во градот Гватемала на 26 март, 2012:

Después de 9 días y 212 kilómetros, la Marcha Indígena, Campesina y Popular por la defensa de la Madre Tierra, contra los desalojos, la criminalización y por el Desarrollo Rural Integral, llegó al centro de la Ciudad Capital. Según miembros del Comité de Unidad Campesina (CUC), se estima que alrededor de 15,000 personas participaron en esta novena y última jornada.

По 9 дена и 212 километри, Маршот на домородците и Campesino во одбрана на мајката Земја, против иселувањата, криминализацијата, а за интегриран рурален развој, пристигна во центарот на главниот град. Според членовите на Комитетот за Campesino единство (CUC), проценето е дека околу 15,000 луѓе учествувале во деветтиот и последен ден од маршот.

Ова се некои од фотографиите на Џејмс, прикажани со негова дозвола:

"Не на експлоатацијата на природните ресурси.Не на откопувањето"

Посетете го блогот на Џејмс Мојот Свет за да погледнете повеќе фотографии од маршот во Гватемала.

Овој пост е дел од нашата специјална репортажa Правата на домородното население.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.