- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Кариби: Ви благодариме, д-р Кинг

Категории: Кариби, Американски Девствени Острови, Јамајка, Куба, Тринидад и Тобаго, Граѓански медиуми, Етничка припадност и раса, Историја, Образование, Политика, Протест, Човекови права

Денес, САД го одбележуваат денот на Мартин Лутер Кинг Помладиот [1] – празник на кој се прославува роденденот на покојниот водич за човековите права. Празникот ги покрена карипските блогери од дома и од дијаспората, а некои од нив ги споделија своите мисли…

Литблогерот од Јамајка Џеофри Филп [2] кој живее во Мајами, Флорида го признава влијанието кое „Писмата од затворот во Бирмингем“ [1] на д-р Кинг го оставиле во неговиот живот и во неговата најнова книга „вклучува неколку лекции кои ги научил додека ја читал книгата и предавал за писмата на д-р Кинг на неговите студенти на колеџот Мајами Дејд“. Тој писмото на д-р Кинг го нарекува „еден од најважните морални текстови на 20 век, кое треба да биде задолжителен дел во образованието на сите млади умови.“

Кубанскиот блогер од дијаспората Мајкл Пансиер му одаде почит со една „мала фотографија и видео монтажа“ [3] направена од фотографии сликани за време на неговата посета на Центарот на Кинг [4] во Атланта, Џорџија. Неговиот сонародник од Белешките од кубанскиот кварт на прогонети [5], исто така ја потенцира важноста на денот:

Критиките против Мартин Лутер Кинг и ненасилството [6] се важни денеска, бидејќи ширум светот во Eгипет [7], Tунис [8], Бурма [9], Куба [10] и на други краишта, се појавија движења инспирирани од примерот на ненасилен отпор на Мартин Лутер Кинг Помладиот [11]. Во САД елементи во движењето Окупирај го Вол Стрит го вклучија Мартин Лутер Кинг Помладиот [12] и и во знак на сеќавање го одбележуваат неговиот роденден [13].

На Вирџинските острови во САД, Live De Life [14] постави видео од Бил Кимброу кој ја изведува „Баладата за Мартин Лутер Кинг“, велејќи:

Заклучив дека ова е погодно за празникот.

На крајот, Aфробела [15] срдечно се заблагодари на д-р Кинг…„за се“:

Д-р Кинг е убиен пред 44 години и со текот на времето лесно е да се заборави дека д-р Кинг беше вистинска личност. Човек со убава жена и семејство. Човек кој стана јавно лице на движењето. Човек кој без престан работеше, маршираше, беше уапсен, елоквентно зборуваше за мирот, љубова и правдата— и кој на крај го даде својот живот за расната еднаквост.

Би благодариме, д-р Мартин Лутер Кинг Помладиот. Којзнае каде ќе бевме денеска без вас.