Хонг Конг: Граѓаните им рекоа „не“ на недемократските локални избори

Од 1200 члена на Изборната Комисија на Хонг Конг за избор на градоначалник, 689 членови на 25 март, под влијание и активно лобирање од страна на Канцеларијата за врски на централната народна влада во Хонг Конг го изгласаа Леунг Чун-Јинг за нов градоначалник. Кога резултатите од изборите беа објавени, илјадници  демонстранти излегоа на протести пред изборните простории против манипулацијата на Пекинг врз изборниот процес.

 Симулиран граѓански референдум

Пред изборите, помеѓу 23 и 24 март, повеќе од 220,000 граѓани на Хонг Конг учествуваа во симулираниот „граѓански референдум“, организиран од Програмата за јавно мислење на хонгконшкиот универзитет, со цел да го изразат своето незадоволство кон затворениот круг на избори и да го бранат своето право да гласаат на изборите за градоначалник.

И покрај тоа што гласачкиот онлајн систем беше нападнат од хакери, илјадници законски гласачи (локални жители над 18 години) упорно чекаа во редови пред гласачките места за да го дадат својот глас:

Polling station at Poly University on March 24. From Facebook Page: Civic Referendum

Гласачко место на Универзитетот Поли, 24 март. Извор: Фејсбук страница: Граѓански референдум

Фејсбук корисникот Леунг Чау Минг чекаше во ред пред едно од гласачките места на 23 март. Тој ја опиша [кинески] возбудливата атмосфера на Фејсбук страницата на граѓанскиот референдум:

當時我身在其中, 寒風中大家也很自律, 有老中青, 更有媽媽在邊排隊邊給小朋友餵飯。

深明今天所為, 從64至71到323 etc., 未會於 有生之年 見証 民主之成果; 但為下一代…下兩代…下下下N代,我們是有責任的, 亦是 每個香港人 此時此刻 應盡的義務!

Чекав во колоната. Одржувавме ред и покрај невремето. (Имаше) стари луѓе, возрасни како и млади момчиња. Една мајка дури и го нахрани својот син додека чекаше. Јасно ми е дека и покрај сите борби и собири на 4 јули [годишно ноќно бдение], 1 јули, и [оваа година] 23 март [собир против интервенцијата на Пекинг на изборите], итн. ние најверојатно нема да ги  дочекаме плодовите на демократијата, но за нашата следна генерација, нашата следна генерација… X генерации од сега.  Имаме одговорности. Тоа е и обврска на секој Хонгконгшанец овде и сега!

Томас Панг беше во истата колона со Леунг и објасни зошто одлучил да чека во ред за симулираните избори:

ОВА Е СЕГАШНАТА СИТУАЦИЈА, НО БАРАМЕ ПРОМЕНА. НЕ САКАМЕ  ПОВЕЌЕ „ПОЛИТИКА НА ВИСОКИ ФУНКЦИОНЕРИ НА КИНЕСКИ НАЧИН“ . ЗАТОА ИЗЛЕГОВМЕ ДА ГЛАСАМЕ. ГО ПРАВИМЕ ОВА ЗАТОА ШТО НЕ САКАМЕ НАШАТА СЛЕДНА ГЕНЕРАЦИЈА ДА ПОМИНУВА ПОВТОРНО НИЗ СЕТО ОВА . СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ЛОСО ЌЕ СФАТИ.

222,990 луѓе гласаа на симулираните избори, од кои 54,6% гласови беа неважечки. Леунг Чун-Јинг доби само 17,8% од гласовите што е огромна разлика споредено со резултатите од затворениот круг на избори, кој се одржа во Центарот за изложби и конвенции во Хонг Конг.

Протести пред градското собрание на 25 март

На 25 март, повеќе од 2,000 луѓе излегоа на протести пред изборните простории. Лути на победата на Леунг, тие ги урнаа полициските барикади. Подолу се прикажани неколку фотографии од протестот снимени од новинари на inmediahk.net:

Protesters pushing the police barricades on March 25. Image by Flickr user inmediahk (CC BY-NC).

Демонстранти ги уриваат полициските барикади на 25 март. Фото: Фликр корисник inmediahk (CC BY-NC).

Protesters sitting outside the election hall. Image by Flickr user inmediahk (CC BY-NC).

Демонстранти седат пред изборните простории. Фото: Фликр корисник inmediahk (CC BY-NC).

No to the small circle election: the Pig, the Wolf and the Dove. Image by Flickr user inmediahk (CC BY-NC).

Не за затворен круг на гласање: свињата, волкот и гулабот. Фото: Фликр корисник inmediahk (CC BY-NC).

Џошуа Вонг, млад активист, го искажа своето мислење за протестите како и разочарувањето [кинески] од неподготвеноста на луѓето да преземат акција:

還記得今天在會展外的馬路坐下時,忽然有人大叫:「梁振英當選!」,群眾們立即站立起哄,面上流露著驚訝的神情。我本身對梁振英當選也有心理準備,但也想不到他可在第一輪投票以689票立即當選。

回家時十分痛心,我痛心的不是梁振英當選,我痛心的是大家的那種犬儒和事不關已的心態,「邊個做特首都唔關我事,平平安安和和諧諧咪算」、「懶衝動只會搞到政局亂哂搞臭香港個名」、「抗爭完都無用架啦」、「呢個世界邊有真正民主」……

我很想告訴大家,梁振英當選並不可怕,可怕的是大家對強勢政治和硬推政策無動於衷,即使將來對遊行集會的打壓會越來越強,但我乃我始終如一地相信群眾運動的力量,特別很想告訴各位同學和朋友,嘗試第一次的社會行動,把握今年的七一遊行,讓大家以一個又一個足印,告訴中共政權,我們不要這個由小圈子選舉產生,只有18%認受性的梁振英特首。

Се сеќавам кога седев на улицата пред гласачките простории како некој одеднаш извика „Ч.Ј. Леунг победи!“Луѓето станаа и започнаа да се бунат и да викаат. Беа изненадени. Ја очекував неговата победа, но не очекував дека ќе победи во првиот круг со 689 гласови.

Бев многу тажен кога се вратив дома, не затоа што Леунг победи туку заради чувството на цинизам и незаинтересираност:  „Не ме засега кој ќе биде градоначалник сè додека  [општеството] е сигурно и хармонично“, „Импулсот би довел до политички хаос и би ја уништил сликата на Хонг Конг.“, „Бескорисни дури и после протести“, „Нема вистинска демократија никаде во светот“…

Би сакал да ви кажам дека победата на Леунг не е страшна, страшно е тоа што луѓето не се заинтересирани за заканата од политиката на железна рака. Дури и ако потиснувањето на слободата на протест и јавно собирање се зголеми јас се уште верувам во моќта на луѓето. Ќе продолжам да ги охрабрувам студентите и пријателите да се приклучат кон некоја општествена акција, особено да ја искористат можноста од собирот на 1 јули. Нека нашите чекори му кажат на кинескиот комунистички режим дека не сакаме Леунг Чун-Јинг, којшто е „избран“ од страна на мал круг луѓе со помалку од 18% јавна поддршка, да  биде наш градоначалник.

На 1 април ќе бидат одржани уште едни протести против интервенцијата на Пекинг на локалните избори.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.