- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Индија: Малтретирање на блогерите, крадење на содржина и закани!

Категории: Јужна Азија, Индија, Закон, Слобода на говор, Технологија

Како блогери ние сме многу ранливи. И покрај анонимноста, псевдонимите и слично, заканите може да не натераат да се прашаме колку е важен блогот. Случајот на Инџи Пену и Kerals.com ја вознемирија блогосферата. Од она што изгледа како насилство и закани, Kerals.com, веб сајт кој таргетира луѓе од Керала и Малаја започна да малтретира блогер. Блогерот, Инџи Пену, кој блогира на Џинџер и манго [1] љубезно ги замолил Kerals.com да ја тргнат содржината која ја имаат украдено од неа. Потоа таа ги објави нивните одговори и размената на имејл пораки провоцираше реакции од читателите на нејзиниот блог. Иако крадењето на содржините на блоговите не е нешто ново, конкретните тактики и заканите за насилство од крадците на содржина создадоа вознемиреност.

Тогаш започнуваат заканите, злоупотребувањето па дури и лажни законски покани. Тие започнаа да им наредуваат на блогерите да ги тргнат постовите во кои ги критикуваат. Каква лудост да им се нареди такво нешто на блогерите. Што се случи со слободата на говорот?…

Г. Шив Кумар тогаш ми се закани со физичко насилство бидејќи зборував за тоа. Во наредниот имејл тој вели дека ќе направи непредвидливи работи на луѓето како мене.

Блогот на Хинди репортерот [2] пишува:

Во последниот пост на нејзиниот блог таа објави заканувачки имејли, кои ги има добиено од група која што тврди дека е стар играч во кибер индустријата. Инџи по кратко истражување дознава дека покрај порно сајтовите оваа група е и во бизнисот на донација на разни работи на сиропиталиштата.

Изгледа Kerals.com има украдено содржина и од други блогови без да наведе дека тие не ја создале содржината. Блогот на Јајарајан [3] пишува:

Го искажувам мојот протест кон копирањето на содржината од малајалам блоговите од страна на Kerals.com. Покрај ова, нивниот тим за поддршка им се закани и малтретираше колеги блогери, кои се пожалија за овој одвратен чин. И како тоа да не е доволно, тие започнаа со кибер-насилство.

Тхуласи [4] истражува подлабоко и пишува:

Неодамна забележав кршење на авторските права од Mazhathully.com. Тие ги имаа ископирано моите фотографии од овој блог без моја претходна дозвола, напишана дозвола или правилна атрибуција. Уште повеќе што загрижува е тоа што поставиле вотермарк од Kerals.com на тие фотографии. Потоа запознав да пребарувам детали за овие два веб сајта и открив дека и двете се во сопственост на една единствена компанија наречена Анашвара Компани ПВТ ЛТД. Се шокирав кога дознав дека тој што ја копираше мојата фотографија, постави вотермарк на неа со своето име и лого на компанијата, бил токму директорот на Kerals.com.

Саптаварнангал [5] ја заокружува контроверзноста, со временска рамка на проблемот откако е познат и пишува за другите веб сајтови одржувани од истата група.

Како што сите знаеме, содржините од разни малајаламски блогови служеа за пополнување на делот за Малаја на kerals.com. Ова за првпат беше објавено од Саџи и имаше многу постови кои ги спомнуваат многуте плагијати направени од kerals.com. Друг сајт http://www.mazhathully.com/ ги превземал фотографиите од фотоблоговите Туласи и Кумар. (Испратив честитка до Кумар на која се наоѓа една од фотографиите објавени на неговиот блог, тој го виде тоа и ме информираше дека им пишал на kerals.com да ги тргнат неговите фотографии од нивниот сајт.) Kerals.com и mazhathully.com припаѓаат на Анашвара Компани ПВТ ЛТД, за која многумина велат дека користи лажни адреси во Велика Британија и Индија. Кога проверив сега, сајтот http://www.mazhathully.com/ е суспендиран.

Исто така Брииз [6] спомнува дека претставник од Kerals.com изгледа има креирано лажна веб страница со името на Инџи Пену.