- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Мексико: Жалби од граѓаните за отуѓување на земјиштето во Копала

Категории: Латинска Америка, Мексико, Владеење, Дигитален активизам, Животна средина, Протест

Од Копала [en] [1], град јужно од Акапулко во провинцијата Гуереро во Мексико, ни доаѓа следново видео со кое со обвинува за наводно отуѓување на земја која им припаѓа на Изабел Писа и Фабиола Абарка од страна на градоначалникот на општината, Гонзало Галардо Гарсиа, член на Зелената еколошка партија [es] [2]. Планот беше да се изгради биопарк за размножување на крокодилите од околината, но Изабел Писа, самохрана мајка на четири деца, покажува фотографии со кои се имплицира дека она што се гради на оваа локација е за рекреациски цели: ресторант и базен. Следи видеото поставено на ЈуТјуб [3] од Денунциа Копола [4] и титлувано на Оверстрим [5]. Имав проблеми да разберам што вели Исабел некаде околу минута и 23 секунди, па ако некој има сугестии или корекции, додадете ги како коментар на овој пост.