Мексико: Жалби од граѓаните за отуѓување на земјиштето во Копала

Од Копала [en], град јужно од Акапулко во провинцијата Гуереро во Мексико, ни доаѓа следново видео со кое со обвинува за наводно отуѓување на земја која им припаѓа на Изабел Писа и Фабиола Абарка од страна на градоначалникот на општината, Гонзало Галардо Гарсиа, член на Зелената еколошка партија [es]. Планот беше да се изгради биопарк за размножување на крокодилите од околината, но Изабел Писа, самохрана мајка на четири деца, покажува фотографии со кои се имплицира дека она што се гради на оваа локација е за рекреациски цели: ресторант и базен. Следи видеото поставено на ЈуТјуб од Денунциа Копола и титлувано на Оверстрим. Имав проблеми да разберам што вели Исабел некаде околу минута и 23 секунди, па ако некој има сугестии или корекции, додадете ги како коментар на овој пост.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.