Русија: Слобода на печатот

Во Лајф Џурнал Заедницата – Њујорк Тајмс на руски јазик се водеше една интересна дискусија за слободата на говорот во Русија: една статија од Клифорд Ј. Ливај, преведена на руски, имаше преку 1000 коментари од руските блогери, а 45 коментари потоа беа преведени на англиски и поставени на веб страницата на Њујорк Тајмс, заедно со уште 100 други реакции од читателите на весникот Англофон.

Постов што следи (RUS) од LJ корисникот цинцина-ц не е дел од муабетот инспириран од Њујорк Тајмс, но се чини дека повторно многу добро освојува дел од неговата суштина:

Денес се шетав околу градот со еден Англичанец – Сајмон од Бристол…

Кога тој дозна дека работам за медиумите, […] Сајмон ме запраша искрено: “Дали ќе можеш да објавиш критичко гледање на последните избори, или преувеличувањето на вистинските податоци, на вашиот или некој друг весник?”

Јас не знаев што да му одговорам…

Порано, јас можев да пратам такво парче до уште неколку издавачи, покрај мојот весник… Како е сега не знам… Мислам дека дури и во мојот весник, се случува само кога уредникот ќе се разболи, ќе заспие или генерално е фатен неподготвен, па јас можам да си го изразам мислењето (за тоа како благосостојбата на луѓето не расте брзо како што е објавено; за тоа како сме оставени со помалку механизми за контролирање на владата, итн.)… И не се работи за тоа дека таа [уредникот] не разбира ништо или е шармирана од успехот на состојбата на нашата држава… Таа е само внимателна… “За секој случај”… На начинот на којшто порано учителите во градинките ги учеа децата да го цртаат Путин – “за секој случај” – и официјалните лица ги излагаа неговите портрети на ѕидовите… […]

Еве еден од коментарите на овој пост:

остров_9:

Сѐ се случуваше постепено.

[…]

[…] По случајот на прогонство на медиумскиот магнат Владимир Гусински, сите сѐ уште се смешкаа, мислејќи дека не е сериозна оваа војна. Но прво тие престанаа да го печатат најостриот од политичките стрипови во весниците, потоа се забрани колажот. Тие започнаа да ги дотеруваат насловите веднаш по апсењето на [затворениот богаташ Михаил Ходорковски], претпоставувам.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.