- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Еколошки активизам со мобилната телефонија

Категории: Западна Европа, Латинска Америка, Супсахарска Африка, Аргентина, Велика Британија, Гана, Кенија, Дигитален активизам, Животна средина, Развој, Технологија

Мобилен телефон НокиаМобилните телефони стануваат важна алатка за екологистите низ светот. Овие активисти развиваат нови технолошки стратегии со цел да ги едуцираат потрошувачите за влијанието на нивните одлуки при купување, да го набљудуваат животинскиот свет и нивото на загадување, и да се залагаат за заштита на шумите.

Извештајот од Технолошкото партнерство на Фондацијата на Обединетите Нации и Фондацијата на групацијата Водафон објавен во април ги опишува многуте различни начини на кои се користат мобилните телефони за вршење општествени промени низ светот. Насловен е како „Безжична технологија за општествена промена: Трендови во користењето на мобилните уреди од страна на НВОи“ [ПДФ]. [1]

Подолу, ги наведов еколошките иницијативи нагласени од авторите на извештајот, Шила Кинкејд (шерајдија.орг [2]) и Кетрин Врклас (мобајлектив.орг [3]). Исто така наведов некои нови проекти кои се појавиле оттогаш.

Аргентина

Гринпис лого за на мобилен телефонКористејќи мобилни телефони, Гринпис во Аргентина [4] можеа да соберат приврзаници и успешно да го донесат првиот сојузен закон за заштита на шумите во Аргентина. Блогот МобајлЕктив [5] пишуваше за нивните заложби за спасување на дрвата овој месец [4]:

Мобилните телефони не се ништо ново за Гринпис Аргентина. Организацијата користеше мобилни телефони повеќепати за да го мобилизира својот список од 350.000 лица корисници на мобилни уреди за успешно да лобираат за битното еколошко законодавство. Едно од значајните достигнувања на Гринпис беше усвојувањето на Леи де боск, односно Законот за шумите.

Според извештајот „Безжична технологија за општествени промени“, Гринпис го постигна ова преку создавање на голема база на податоци која содржи имејл адреси и телефонски броеви од мобилни телефони на луѓето кои потпишаа петиција со која го поддржуваат Законот за шумите. Освен тоа, тие испратија предупредувања во вид на текстуални пораки за време на критичните сослушувања, и пред гласањата на градскиот совет. Тие исто така ги координираа демонстрациите и состаноците користејќи текстуални пораки.

Гана

Во Гана, еден проект покажа дека мобилните телефони може да се трансформираат од типична алатка за комуникација присутна насекаде, во супер-чувствителна алатка за прибирање на податоци за околината. Ова се постигнува преку поврзување на специјален сензор со еден мобилен телефон. Сензорот прибира научни информации за квалитетот на воздухот или урбаните сообраќајни шеми, кои подоцна може да се проучуваат или да се претстават на Гугл мапа.

Корин Рејми пишуваше за оваа иницијатива на блогот МобајлЕктив [6] во април:

Во рамките на студијата Акра, седум таксисти добија џи-пи-ес уреди на нивните шал-табли и цевка која виси од прозорецот на совозачот и содржи сензор за јаглерод моноксид. Слично на тоа, на тројца студенти им беше даден мобилен уред со сензор за јаглерод диоксид и џи-пи-ес систем. Од таксистите и студентите беше побарано да ги носат нивните сензори колку што е можно повеќе за време на нивните нормални секојдневни активности. Сензорскиот систем автоматски запишуваше податоци во текот на денот. На крајот на секој ден, пробните учесници ги оставаа нивните сензори на една централна локација каде што се вадеа податоците, а се полнеа сензорите. Боите го претставуваат поединечното исчитување на јаглерод моноксид за време на 24 часа низ градот. Црвените кругови се всушност местата на исчитување.

Кениа

СлонИзвештајот „Безжична технологија за општествена промена“ [1] ја опишува тензијата во областа Лаикипија, Кенија помеѓу сопствениците на земјиште и животинскиот свет. Животните ги убиваат земјоделците и ги уништуваат нивните посеви. Се убиваат слоновите и другите животни. Програмата за спречување на конфликт [7] која користи технологија на мобилни телефони, овозможува комуникација помеѓу локалната заедница, персоналот одговорен за животинскиот свет и сопствениците на земјиште.

Пилот проектот користеше технологија „Притисни за да зборуваш на мобилен (телефон)“, која ја комбинира функционалноста на воки-токи или двонасочно радио со мобилен телефон. Оваа технологија овозможува комуникација помеѓу двајца поединци, или група луѓе, и е особено корисна во поврзувањето на корисничката група од време на време во одреден период (на пример еден работен ден).

Јужна Африка

ФишМС [8] е СМС услуга од Одржливата иницијатива Јужноафриканска морска храна која ги информира потрошувачите за статусот на глобалните рибни резерви. Корисниците го испраќаат текстот со називот на рибата која сакаат да ја купат на +44 (0) 79 499 8795, и веднаш добиваат совет дали рибата била добро одгледувана, и дали треба да подразмислат пред да ја купат. Следува видеозапис кој ја прикажува оваа алатка во акција (краткиот филм беше снимен на мобилен телефон – Нокиа Н93).

Обединето Кралство, САД

Лого на ЕртекстЕрТекст [9] е систем кој испраќа СМС порака, гласовна пошта или имејл кој содржи информации за нивоата на загадување во одредена област на Лондон. Услугата е наменета за лица со кардиоваскуларни и болести на дишните патишта. Постојат слични услуги за специфични локации во САД, вклучувајќи го Ерго [10] (разни поштенски кодови) и АДЕК [11] (во Аризона).

МобГесПипл кои би сакале да знаат колку изнесуваат нивните емисии на гасови кои придонесуваат за ефектот на стаклена градина, може да ја симнат апликацијата МобГес [12] на нивниот телефон, со што им се овозможува да известуваат за сопствените активности, на пример готвење, гледање телевизија или возење.

Од Извештајот „Безжична технологија за општествена промена“:

Со помагањето на корисниците да ги поврзат нивните дневни активности и испуштањето на гасови кои придонесуваат за ефектот на стаклена градина, МобГес се надева дека ќе ги охрабри поединците да го променат својот стил на живеење. Апликацијата исто така нуди совети околу тоа како да ги менувате активностите за намалување на емисиите на гас.

Лого на ФјулГрогЏош Катоун на Ред Рајт Веб блогот [13] го истакнува ФјулФрог [14] – кој е сличен проект. Тоа е апликација која го користи Твитер за следење на потрошувачката на гориво од страна на корисниците:

Фјуел Фрог е исклучително едноставен, и навистина корисен. По секое полнење, корисниците ги внесуваат пропатуваните милји од последното полнење, платениот износ, и износот на бензин во галони. Со тек на време, ФјуелФрог ќе ја следи и графира вашата потрошувачка на гориво за да можете, на пример, да ги идентификувате трендовите на цените на гориво во вашата област, да видите колку гориво троши вашето возило (можеби е време да се напумпаат гумите?), колку возите и колку трошите.

ГлобалВојсис инвајронмент им се заблагодарува на МобајлЕктив [15] и Шерајдиас [16] за извештајот, и би бил заинтересиран за други примери од читателите за користењето на мобилни телефони за еколошки активизам.

Погледнете го и нашиот последен напис околу тоа како ГлобалВојсис ја истакнува употребата на технологиите Веб 2.0 за еколошки активизам [17].