Новости за забраната на пластични кеси во Кина

Во неделата во Кина стапија на сила нови правила за пластичните кеси: сега, ултра-тенките пластични кеси се забранети, и купувачите треба да платат мала надокнада за подебели кеси. Еден супермаркет изјави дека откако настапи забраната, дневната потрошувачка на пластични кеси опадна за 40%. Продавниците за весници пријавија мешана примена, иако властите на Пекинг ја казнуваат продавницата со 10,000 јуани (1,200УСД) за користењето на ултра-тенки кеси. Забраната имаше и цена: Шангаист не потсетува дека најголемиот произведувач на пластични кеси во Кина престана со работа неколку недели откако беше објавена забраната во јануари и 20 000 луѓе ги загубија работните места.

Даниел Бикман во Блогинг Бејџинг ги интервјуира мештаните за забраната:

“Ние си понесовме наши кеси денес!” се пофали една млада жена во Ченгду, пред една од продавниците на Чаошифа – еден од најпопуларните ланци на продавници за зеленчук. “Ние слушнавме за забраната на ТВ – тоа е добра работа. Сакаме да ја заштитиме животната средина. Ние сакаме да бидеме гостин на успешни Олимписки игри.”
“Јас денес овде донесов кеса,” рече една средновековна жена. “Зошто? За да ја заштитиме животната средина – исто како што правите вие странците.”

Кинеските купувачи не се побунија сѐ уште; 77.5 % од испитаниците на едно онлајн истражување спроведено од ЦИИЦ-ЦОМР, фирма за истражување на пазарот, ја поддржаа забраната.
Џејн Вудикон од Лаење на сонцето изјавува дека и покрај хаосот од земјотресот, трговците од Ченгду се чини дека се придржуваат на забраната:

Купив три работи во изминатите 24 часа, и сите кулминираа со прашања од касиерот/продавачот дали сакам кеса. Наместо жестоко да инсистирам “bu yao daizi!” во обид да избегнам било што од купените работи да биде индивидуално спакувано во пластични кеси, купувачите ме прашуваа дали ми “треба“ кеса – и одговараа со хи хи кога мојот одговор беше негативен.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.