- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Блогер на неделата: Љубиша Бојиќ

Категории: Источна и Централна Европа, Србија, Дигитален активизам, Медиуми и новинарство, Политика

Љубиша Бојиќ

Денешната серија блогер на неделата [1] не води во срцето на Балканот, каде што разговараме со авторот на Глобал Војсис за Србија Љубиша Бојиќ [2], за блогирањето, политичарите и граѓанското новинарство во Србија.

На возраст од 24 години и дипломиран новинар, Љубиша Бојиќ е ентузијаст за новиот медиум:

Моментално работам на книга за веб новинарство и дигитален маркетинг која имам намера да ја објавам на англиски. Јас сум исто така вклучен во рекламирањето, како креативен директор, во главно работејќи како автор на рекламните текстови. Ме интересираат добри стории и како да ги напишам. Ме нервира што гледам толку многу потрошен човечки потенцијал.

Со голема пасија околу новинарството и дигиталниот медиум, не е изненадувачки да се чуе дека тој започна со блогирање (во Србија) пред неколку години:

Започнав со блогирање во 1999. Ме мотивираше агресијата на НАТО против Србија. Имаше платформа наречена “Beograd.com”. Многу поединци низ земјата порано го информираа народот за состојбата на тревога (од каде дојдоа авионите и што тие бомбардираа, итн.). Оваа веб страница го обележа започнувањето на граѓанското новинарство во Србија. Јас сум горд што бев дел од тоа.

Потоа, во август 2006, за време на едно стажирање во Хонгконг, Љубиша започна блог на англиски јазик за да допре до поширока публика и “за да допринесе помеѓу разбирањето на Србија и останатиот дел од светот”. Во еден од своите први постови, тој напиша кратка сторија [3] за темата на која се навраќа во својот блог – корупција:

Седам јас во авион на пат кон Белград. Зад мене еден Србин и една Американка започнуваат разговор. Има ли подобра тема да се започне разговор од проблемот со корупцијата. Човекот и кажува со што тој се соочил кога го чекал летот во Москва. Наводно, госпоѓата од зад шалтерот му побарала мито кога тој побарал да користи инвалидска количка додека е на аеродромот, бидејќи заздравувал од операција во тоа време. Од другата страна, една Кинескиња му кажува за полицијата која барала мито во нејзината родна земја. Тие продолжуваат и продолжуваат да зборуваат за корупција. Колку убав начин да се спојат луѓето. Јас мислам дека тие полека се вљубуваа како што се приближувавме до Белград.

Меѓутоа, поради неговата работа и сите проекти во кои е тој вовлечен, Љубиша вели дека во последно време тој нема доволно време за блогирање:

Мојот англиски блог е поприлично безредие бидејќи, моментално јас таму вметнувам линкови и некои цитати. На почетокот сакав да комуницирам со светот. Но сега, поради интензивната работна норма, единствениот начин на кој што јас успевам да ја сочувам таа комуникација е со споделувањето на линкови коишто ме инспирираат.

Покрај неговиот личен блог на англиски тој исто така блогира на српски на официјалниот блог за Силите на српското движење [4] “за да проектира нов имиџ на организацијата кој ќе влезе во душите на граѓаните”. Таму зборува за човековите права и политички прашања како овие што следат:

Според мене, нашата влада направи голема неправда против политичарот кој освои 19% од гласовите на претседателските избори во 2004. Тие го обележаа него како криминалец, па така тој мораше да ја напушти Србија. Неговото име е Богољуб Кариќ, и мојата цел е да воспоставам строги институции во нашето општество, така што владејачките политичари никогаш нема да можат да ја злоупотребуваат моќта.

Во 2006, отприлика истото време тој го започна својот блог на англиски, Љубиша се придружи на онлајн тимот на Глобал Војсис како автор за Србија и за Балканот, откако се сретна со соосновачот Ребека Мекинон во Хонгконг:

Беше сончев ден и јас се обидував да добијам интервју од професор по новинарство за мојот документарец за медиумот во Хонгконг. Зборував со Јинг Чан, шеф на центарот за Студии по новинарство и медиум во Универзитетот Хонгконг. Таа ми кажа за нешто возбудливо што се случува во светот на блогосферата – Глобал Војсис Онлајн. Во тоа време, таа очекуваше да пристигне нов професор кој ќе предава Нов Медиум. Погодете кој беше тоа – Ребека Мекинон [5].

За време на своите две години со Глобал Војсис, Љубиша пишува [6] најмногу за српската политика, како независноста на Косово [7] или претседателските избори [8] од јануари минатата година. Но тој исто така претстави блогови од неговиот роден град [9] (Крагуевац [10], во Србија), пишуваше за ситуацијата на Ромите во Словенија [11] и легализацијата на проституцијата во Хрватска [12], и ги запозна многубројните читатели со прочуената Босанска пирамида [13] и со најстариот блогер на Балканот [14].

Љубиша Бојиќ е исто така основачот на Српската школа за веб новинарство [15], нов медиумски проект кој неодамна доби грант од Рајзинг Војсис, и кој е исто така поддржуван од Српскиот сојуз на новинари и меѓународниот универзитет од Нови Пазар. Тој опиша на својот блог [16] што го мотивираше да го започне овој проект.

Како што продолжува процесот на транзиција, бројот на оние што не можат да најдат работа расте, овде во централна Србија. На овие луѓе им треба барем глас. Јас одлучив да аплицирам за грант од Рајзинг Војсис во септември за да обезбедам едукација, мотивација и технологија на поединци на кои им е потребна, така што тие ќе можат да одат онлајн, да ги раскажат своите стории, да воспостават контакти со други меѓународни организации и можеби дури да добијат помош. Ако ништо друго, јас сум сигурен дека тие ќе добијат морална поддршка од заедниците на блогерите и новинарските медиуми од секаде во светот. Тие ќе можат да споделат факти за корумпираната приватизација во Србија, да го опишат начинот на кој државата ги третира нив и да зборуваат за проблемите со нивните човекови права.

Друг аспект [16] од неговиот Рајзинг Војсис проект е допринесување за разбирањето помеѓу младите Срби и Албанци од Србија и Косово, секои посебно:

Сликата подолу прикажува млади Срби и Албанци кои зборуваат како да се поврзат и да се надминат проблемите кои беа создадени за време на долговековното непријателство во јужната провинција. Јас цврсто верувам дека младите активисти можат да направат разлика. Ние мора да се приближиме, и да дадеме сѐ од себе да ја подигнеме економијата. Ние сите би сакале да живееме подобро и да влеземе во ЕУ. Зошто би правеле конфликти и да имаме несогласувања, кога можеме да се споиме и заеднички да дејствуваме.

Млади Срби и Албанци во дискусија

Запрашан за српската блогосфера, Љубиша коментира:

Српската блогосфера е дифузна и мала, бидејќи најголем дел од луѓето едвај наоѓаат време да блогираат за нешто значајно. И покрај тоа, вистински хит меѓу младите генерации е Фејсбук. Нема вистински ѕвезди блогери, освен оние јавни фигури кои постираат на B92 ВИП. Обичните смртници користат меѓународни платформи за блогирање, освен еден српски сервис (mojblog.co.yu [17]).

Тој се гледа себеси како еден вид на мост помеѓу различни типови на блогери во Србија:

Еден дел од Српските блогери пишуваат за нивниот секојдневен живот, и нема многу политика. Други пишуваат исклучително за политика. Дел од нив се патриоти, а другиот дел се ориентирани кон Европската Унија. Па така, нашата блогосфера е поделена како и нашето општество. Јас сум некаде во средината на овој спектар, па можам да ги поврзам. Ха, ха, ха.

И најпосле, моравме да го запрашаме за неговото највредно за паметење блог искуство:

Кога СиЕнЕн објави дека НАТО бомбардирал воена фабрика во мојот град (Крагуевац).Тоа беше во 1999. А тоа беше всушност фабрика за производство на автомобили, Застава. Јас пишував за лагата која беше објавена во мејнстрим медиумите. Мислам дека за оваа работа не слушнаа многумина. Но во тоа време немаше НВО-и. Јас научив како медиумот може да биде злоупотребен. Така дојдов до теоријата за медиум/политички позитивизам [18].