- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: Распеани скопјани ја пеат химната на Светското првенство во фудбал

Категории: Источна и Централна Европа, Супсахарска Африка, Јужна Африка, Македонија, Сомалија, Сомалиленд, Граѓански медиуми, Музика, Политика, Спорт, Уметност и култура

Распеани скопјани [1] го прославија [2] почетокот на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка пеејќи ја неговата химна, „Развеано знаме“ бидејќи увиделе дека „Сомалиецот [3] К’наан им увалил моќна социјална песна [4] (анг.) на ФИФА [5] и Кока-кола, која совршено одговара на сегашната скопска ситуација“.