- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Јужна Америка: Фестивал за инсталирање слободен софтвер 2010

Категории: Латинска Америка, Венецуела, Гватемала, Колумбија, Куба, Мексико, Никарагва, Уругвај, Чиле, Граѓански медиуми, Технологија

Низ Јужна Америка, слободниот софтвер е важен за многу земји и луѓе кои одлучиле да ги употребуваат овие материјали во нивната јавна администрација, како и за изнаоѓање решенија за други предизвици. На пример во Куба, движењето за Слободен софтвер [1] помогна во одржливиот развој. Владата на Еквадор донесе јавна политика која отворено го прифати [2] Слободниот софтвер, слично како Бразил, регионален лидер во слободниот софтвер и слободната култура.

На 24-ти април, многу промотори и корисници на слободен софтвер од Јужна Америка славеа со журка, наречена FLISOL2010, како што објаснува Leo [3]:

FLISOL е Јужноамериканскиот фестивал за инсталирање слободен софтвер [4], настан организиран од јужноамериканската заедница на слободен софтвер, од 2005-тата година. FLISOL се одржува секоја четврта сабота во април, секоја година. Шестиот по ред FLISOL беше прославен минатиот викенд, на 24-ти април 2010. Денес, FLISOL несомнено е најголемиот FOSS настан во Јужна Америка и можеби, најголемиот фестивал за инсталирање во светот. Овогодинешниот FLISOL беше истовремено организиран во 20 земји и 250 градови низ цела Јужна Америка и за прв пат, во Европа (три локални настани во Шпанија).

Секоја прослава низ регионот е уникатна. На пример, во Антиква, Гватемала, за да се прослави слободниот софтвер, една од активностите организирани од Antigualug [5] (група корисници на линукс) беше кршење на пињата [6].

Celebrating with Piñatas [7]

Прославување со пињати, употребено со дозвола, без задржани правила.

Славењето на FLISOL во Каракас, Венецуела ги комбинираше активностите со музика во живо. [8]

Никарагва славеше со заедниците од Естели, [9]Гранада [10], а Манагва со самопрогласениот „Рокстар тим на инсталери“. [11] Централноамериканските заедници ги здружуваат напорите [12]за да ги интегрираат заедниците на Слободен софтвер, како што можете да прочитате на Планетата корисници на слободен софтвер од Централна Америка [13].

Уругвај прослави со инсталирање на Федора [14], во Мексико активноста се одржа на различки места [15]каде организаторите инсталираа слободен софтвер на компјутерите на многумина корисници, а пак 8 градови во Чиле [16] беа домаќини на FLISOL славењето. Исто така и Куба беше домаќин на истовремени активности [17] на различни локалитети, од Хавана до Матанзас.

[18]

Flisol 2010- Каракас, Венецуела, сликано од Kamijacker

На крајот, Mozilla Колумбија [19] и OpenBSD во Меделин [20]учествуваа на настаните одржани во Колумбија, а FLISOL маратон на 3 града [21] се одржа во Сан Кристобал, Кукута и Памплона.

Ова е само мал увид кој има за цел да покаже како слободниот софтвер во Јужна Америка создаде мрежа на меѓусебно поврзани младинци, со било која социјална, политичка и етничка заднина, соработувајќи и создавајќи заедно. „Заедничка платформа“ која промовира „споделена култура“. За повеќе информации и поврзувања можете да прочитате на Јужноамериканската планета на слободен софтвер. [22]