Љубители на храна во Брунеи – Одбери розово 2010

Блогерите во Брунеи иницираа нов хуманитарен проект за 2010 година. Минатата година локалните блогери и љубители на храната се здружија заедно за да ја поддржат и да ја промовираат хуманитарната книга со рецепти од чија продажба се собраа 10.000 $, средства собрани за партиципација на Специјалните олимписки игри во Грција во 2010 година. Оваа година, блогерите и љубителите на хранат се согласија да поддржат уште една локална акција и да соберат пари за подигање на свеста за ракот на дојка. Овогодинешниот проект е подобро организиран и координиран бидејќи организацијата беше во рацете на поддржувачката група за ракот на дојка во Брунеи. Оваа година книгата со рецепти беше тематска и беа одбрани десерти.

Food tasting commenced

Дегустирање на храна

Pink Merchandise were sold to raise funds for the Support Group

Промотивен материјал со цел да се соберат средства за поддржувачката група

Настанот одржан во недела, наречен розов неделен настан беше организиран подолго време. На настанот беа поканети оние кои учествувале со свои рецепти во книгата, во Каса Есперанца, како би ги дегустирале своите јадења. Имаше и гласање за да се одбере најдобриот рецепт. Од дегустацијата на која имаше 53 различни јадења, беа одбрани 51 рецепт кои ќе се објават во книгата наменета за продажба. Сите собрани средства ќе бидат наменети за поддржувачката група за рак на дојка, за да може да се зголеми свеста за оваа болест која ги засега многу земји и да ги поддржат жените заболени од рак на дојка.

Проектот ги подигна стандардите за блогирањето во земја во која блогот овозможува здружување на луѓето заради една определена цел која ја засега целото општество. Исто така овој проект резултираше со успех бидејќи блогерите си делеа комплименти едни со други, поврзани со проектот, споделуваа слики и идеи. Сето ова овозможи настанот да се одвива според планираното. Друг успех на проектот беше тоа што се случуваше во неформална и друштвена околина, која овозможи разменување на информации за тема која многумина сè уште ја сметаат за табу.

Mr. Thanis Lim, the winner in the event with his Chocolate Lava Cake

г. Танис Лим, победникот на настанот со неговата чоколадна торта Лава

Весникот The Brunei Times напиша:

„Брунејците треба да преземат иницијатива и да ја понудат својата поддршка со тоа што ќе волонтираат во невладини организации за хуманитарни цели, отколку да чекаат самите невладини организации да организираат настани за собирање средства.“

„Се надеваме дека и понатаму ќе има вакви проекти, не само од блогерите туку од сите кои ќе дојдат заради некоја цел за која треба да се помогне и поддржи,“- вели Масјавита Хј Абд Хамид, претседател на поддржувачката група за рак на дојка. Таа вели дека поддржувачката група ќе продолжи да собира пари и да запознава со ракот на дојката како и да помага на оние пациентки на кои им е потребна помош.

chocolate

Ciliqeen го споделува своето искуство на блогот, откако присуствуваше на настанот и го поддржа истиот:

„Навистина е прекрасно за мене кога гледам дека луѓето одвојуваат малку од своето време за да присуствуваат на овој настан. Ќе се почувствувате горди на себе што сте помогнале во подобрување на животите на оние кои имаат рак на дојка. Запознав нови луѓе и ми се отворија многу нови можности и секако уживав во дегустацијата на прекрасните десерти.“

Speak off the Cuff ги сподели нејзините искуства од настанот:

„Едвај чекам да излезе книгата во продажба. Се надевам дека секој рецепт ќе биде добро опишан, до детали и сакам да зготвам некој прекрасен десерт. Мњам, мњам, мњам. “

bahulu pick me up

Двајца локални блогери Chef Nash и Turquoise and Roses напишаа на настанот:

„За оние кои не знаат, крени ме горе е преводот на десертот тирамису. Го одбрав овој десерт бидејќи ја опишува мојата љубов и опсесија кон кафето. Најдов и огромни јагоди. Среќен сум“, вели Turquoise and Roses.

Друга блогерка и пекарка, Sas Monroe, која присуствувала на настанот вели:

„Само што се вратив од настанот Одбери розово. Не знаејќи со кој рецепт да се претставам, се решив за едноставна торта со банани. Една од моите омилени работи на целиот свет. Тоа беше првата торта која ја научив на студиите во Мелбурн. Наскоро оваа торта ќе се продава и во пекарата и за секоја купена торта по 2 долари ќе бидат наменети за поддржувачката група за ракот на дојка. Морам да му се заблагодарам на Пабло што ме поттикна да го споделам овој рецепт.“

Avocado mousse

Pasir Puteh , фотоблогер, ги сподели своите прекрасни фотографии од десертите. Со тие фотографии ќе бидат илустрирани десертите во книгата. Тој исто така забележа дека оваа година има повеќе посетеност на настанот, споредено со минатата година.

„Во неделата, во Каса есперанца, дадовме мала поддршка на розовите обожувачи на храната. Мислам дека имаше три пати повеќе луѓе кои присуствуваат отколку мината година, во декември. Ако на наредниот настан има повеќе луѓе (што сигурно ќе има), ќе ни треба вила или хала за да се собереме сите.“

Соработниците на настанот Одбери розово. Слика од Chee.

Благодарност до локалната банка која несебично го поддржа настанот со тоа што го финансираше издавањето на книгите и благодарност до сите оние кои донираа пари за настанот. Ова покажува колку блогерите можат да ја покажат својата оддаденост кон цели кои се од значење за општеството. Книгата е во завршната фаза пред да биде издадена.

Сите слики се од апаратот на господин Пабло.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.