Има една интересна статија за седумте причини поради кои мажот е одбиен од жена на состанок и понудени се неколку совети вие, како маж, да се спасите од ваква катастрофа. Не верувајте во ова 100%-но. Не мора да значи дека е точно во секоја ситуација.
Звучи добро. Сигурно на ниту една жена не би и пречело да се приреди специјална пригода во нејзина чест. Како и да е, ваков тип на настани треба да ги изведувате во одредено време и на одредени места. Не треба да претерувате со нив. Вакви настани треба да приредувате во одлучувачки и важни моменти. Тогаш би ја импресионирале девојката. Ако го сторите тоа на првата средба, иако не знаете што ќе помисли девојката за вас, вие само си го трошите времето. Само ќе направите на девојката да и биде неудобно. Тие девојки би ве исмеале. Кога имате прв состанок со некоја девојка, не го правете ова. Дури не подготвувајте подароци.
Некогаш мажите претеруваат со подготовки. Ги проверуваат најдобрите места и храна. Но често пати, овие мажи и самите за прв пат ги посетуваат тие места. Исто така не знаете точно каде се наоѓаат. Може да се збуните барајќи го тоа место. Лутањето насекаде може да ја умори девојката и на крај може да и одговара било кое место. Иако знаете скромни места, подобро е да ја однесете на некое место што го познавате и така таа не би се уморила. Земете го тоа во предвид.
Сигурно нема ниту една жена која не би сакала да чуе комплимент дека е убава. Но не треба да претерувате со тоа и пред да искоментирате нешто, треба да проверите дали тоа е погоден момент или не. Штом ја запознаете девојката, почнувате да и кажувате колку е убава и да ја прашувате како е можно таква девојка со толку убав лик да нема момче. Девојката би помислила дека сте здодевен и вулгарен. Не ги изразувајте вашите чувства премногу. Треба да причекате. Нема да биде интересно ако веднаш и признаете дека ви се допаѓа.
Не вреди. Ако не сте Дејвид Коперфилд, она што единствено можете да го направите е трик со карти. Девојката би го ценела вашиот труд, но нема тоа да ја направи заинтересирана за вас. Можеби ќе ви рече дека е смешно и дека сте добар. Најверојатно тоа би била неискрена пофалба. Подобро е да не се трудите да изведувате магични трикови.
Иако изгледа девојката тренди, не мора да значи дека сака да јаде храна на места со префинет стил. Можеби првиот пат нема да одбере евтина храна поради нејзината трема. Ако ја прашате „Што би сакала да јадеш?“ таа најверојатно би ви одговорила „Ми одговара било што“. Наместо да и поставувате вакви прашања, зошто не и речете „Знам едно убаво место, дали би сакала да го посетиме?“ Кога треба да одите на друго место подобро е да кажете „Ајде да одиме на друго место“ отколку „Сакаш да одиме на друго место“. Ова се разговорни тактики со кои би можеле да водите една девојка.
Ако сакате да оставите добар впечаток кај една жена, треба да умеете да разговарате за било која тема интересна за неа или пак за она што го прават жените заедно. Како што знаете, во светот постојат многу работни места и работните места на жените се поразновидни отколку на мажите. Исто така и нештата што ги сака жената се разновидни. Ако сте упатен во некои работи, ќе биде многу полезно за вашиот разговор. Најдобро е да знаете за што е заинтересирана другата страна, па така разговорот не би бил здодевен. Треба да вложите напор во проширувањето на вашите познавања.
Знаејќи дека животот тече брзо и светот е тежок и здодевен, врските помеѓу мажите и жените се многу разновидни. Маж кој нема хоби е како неплодна земја на која не може да успее ниту едно растение. Ако немате хоби, сигурно нема да ве интересира хобито на некој друг. Можете да водите разговори поврзани за некое хоби, а да немате потреба да имате хоби или да разберете нечие хоби. Создадете свое хоби. И исто така е важно да имате слух и за нечие хоби.