- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Јапонија: Блогерите за нападот со нож во Акихабара

Категории: Популарен напис, Источна Азија, Јапонија, Катастрофи, Младина, Најважни вести

Напад со нож во областа Акихабара во Токио, според извештаите на новинските агенции [1], беше извршен од страна на 25 годишниот осомничен, Томохиро Като, во кој животите ги загубија најмалку седум лица, а уште повеќе се повредени. По се изгледа осомничениот удрил со два тона изнајмен камион во пешаци на раскрсница блиску до станицата Акихабара [2] и потоа започнал да ги напаѓа очевидците.

Инцидентот се случи на годишнината на сличен инцидент во Јапонија. Пред седум години на истиот ден Мамору Такума во основното училиште Икеда во Осака уби седум деца [3].

За листа со написи, информации и фотографии за прободувањето, погледнете го Акибаблог [4] [ja]. Вообичаено, форумите се преполни со коментари [5] [ja], а на блогот ИКИНОХ [6] [ja] има детално опфаќање на инцидентот од Твитер. Блогерот каватасо објави многу фотографии [7] [ja] и даде детална слика за нивното искуство од тоа што се случи:

Денес, само што се вратив од Такасаки дојдов во Акихабара. Сѐ уште беше 11 часот и Хокотен сѐ уште не беше отворен, па затоа отидов во Линукс кафето, спремив неколку слајдови и направив неколку други работи.

Се концентрирав на мојата задача и не забележав дека луѓето околу мене почнаа да прават врева, но тогаш поради некоја причина тие ги затворија ролетните на кафето, додека сѐ уште беше отворено.

Кафе Линукс

Кафе Линукс [8](во Акихабара) со затворени ролетни, фотографија од Каватасо [7]

Си помислив дека нешто мора да се случило, а имаше и гласини во кафето дека се случува напад на улица, дека има луѓе кои загинале, дека напаѓачот сѐ уште не е уапсен и дека затоа ги затвориле ролетните.

[…]

По кратко време пристигна информација дека напаѓачот е уапсен и во овој момент други медиуми сѐ уште ја немаа оваа информација, па изгледаше како сѐ уште да ги составуваат извештаите. Гледавме внимателно уште некое време и неколку медиуми објавија дека напаѓачот е уапсен. Атмосферата, внатре во кафето, започна да се смирува.

Ролетните на кафето беа сѐ уште затворени, но помислив дека засега тоа е добро, ги спремив моите работи, ја земав камерата и го напуштив кафето. Продавниците кои се на истата улица како Линукс кафето беа отворени како и вообичаено, но изгледа и ролетните на Софмап, кој има влез од главната улица, беа затворени за секој случај.

Толпа од луѓе

Толпа од луѓе и амбулантна кола, патрола, фотографија од Каватасо [7]

Отидов на главната улица и како што очекував, имаше толпа од луѓе, но исто така имаше амбулантна кола и полиција, кои не ги очекував.

Вистинската точка каде што се случил инцидентот по се изгледа е центарот на раскрсницата и таа беше комплетно запечатена.

И таму, се разбира, имаше многу полицајци и персонал од прва помош, но она што ми остави впечаток беа чевлите и разните лични работи кои беа расфрлени низ улиците.

Полиција и болничари

Многу полиција и болничари, фотографија од Каватасо [7]

Блогерот зун00340 беше на местото на настанот и објаснува што се случило [9]:

Денес се случи масовен инцидент со прободување во Акихабара. Тоа беше трагичен инцидент кој што ме шокираше, но всушност во време на настанот случајно се најдов во близина.

[…]

Кога се случи настанот, одев кон станицата и затоа всушност не го видов инцидентот, на почетокот имаше гласен звук, како кола да удри во нешто. Сообраќајна незгода? – погледнав преку моето рамо и во тој момент слушнав некој како извикува со чуден глас, „Ова изгледа опасно, да се тргнеме оттука побрзо!“ Кога ќе размислам за тоа сега, одлуката на мојот пријател беше точна.

Имаше различни контрадикторни информации кои доаѓаа од областа каде што се случи инцидентот, луѓето бегаа (повеќето луѓе), додека некои љубопитни надгледувачи се собираа, тоа беше ситуација на голема паника. Луѓето кои имаа мали деца со себе можеби беа во поголема опасност од луѓето кои се собираа за да видат [на местото], бидејќи ги туркаа луѓето со неверојатна сила за да дојдат до местото на настанот.

„По се изгледа е испуштен сарин гас“
„Има напаѓачот со нож“
„Терористичка бомба?“

Имаше разни гласини и шпекулации за настанот, но за состојбата немаше доверливи информации и тоа беше навистина заплашувачки.

Местото на настанот

Фотографија од Каватасо [7]

Камионот со кој е извршен инцидентот

Камионот. Дали земаат отпечатоци од прсти? Фотографија од Каватасо [7]

Блогерот јонеками, кој беше на местото на настанот кога се случуваше нападот, напиша [10]:

Во тоа време бевме во продавница на таа страна од улицата. Кога ја напуштивме продавницата, имаше крв насекаде. Кога полицијата го фати осомничениот, имаше дамки од крв од прободувањето.
Доколку заминевме неколку минути порано… застрашувачки е и да помислам на тоа.
Никогаш не може да знаеш што може да се случи во животот.

Место на настанот

Фотографија од Каватасо [7]

Изнајмениот камион на осомничениот

Изнајмениот камион на осомничениот. Фотографија од Каватасо [7]

Блогерот јоро исто така беше во близина на настанот и објаснува [11]:

Кога се случи настанот, мојата жена и јас и нашиот трет син бевме во Акихабара и одевме или кон Јодобаши или Икебукуро со кола. Поради ова, ние всушност не бевме сведоци на инцидентот, бевме малку оддалечени од точната локација. Но, тоа е место каде во последно време одам многу често, и поради оваа мала разлика ми изгледа како да успеав да избегнам контакт за влакно.

Блогерот јадогава, кој пристигна на местото веднаш откако се случи инцидентот, ја опишува сликата [12]:

Изгледа инцидентот се случил во 12:35, а јас бев на местото во 13:00.
Помислив дека е сообраќајна несреќа, но имаше премногу жртви за тоа, имаше многу полиција и покрај тоа многу луѓе добиваа срцева масажа, а болничарите беа избезумени. (Имав слично искуство со ужасна атмосфера на работа и беше такво чувство.) Сфатив дека очигледно не е вообичаен инцидент, дека „нешто незамисливо се има случено, можеби терористички напад или нешто како уличен масакр“, па го напуштив местото и се упатив дома.