- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Брунеи: Лажна кражба во автобус ги предупредува граѓаните!

Категории: Источна Азија, Брунеи, Граѓански медиуми, Закон

Минатата недела, приказната за кражбата во една многу прометна бизнис област во Гадонг, Брунеи, брзо се рашири низ Твитер и Фејсбук.

@раноадидас [1]: http://twitpic.com/4t68c2 [2] Дел од криминалната сцена ова попладне, близу Ајамку Гдг. Околу 3 часот попладне во Брунеи. [3]

@гивмицак [4]:‎ Најпрво што чув беше кражба среде ден во Брунеи. o.O

Славниот тамошен блогер, раноадидас, ја објави на својот блог [5] својата загриженост за кражбата во автобус, каква што никогаш немало во Брунеи:

Гласините дека жртвата била убиена или тепана беа невистинити. Таа сигурно била турната и злосторникот кој го сторил тоа, успеал да избега со парите што ги украл. Според локални извори, вработена госпоѓа повлекла значителна сума пари од банка и заминала во областа Гадонг. Тогаш таа била пресретната надвор од областа Ајамку Гадонг и тоа е она што се случило.

… госпоѓата жртва била во стабилна положба, а крадецот е сè уште на слобода. Прашањето е сегашната состојба на безбедност во Брунеи. Ова е навистина тажен инцидент, знаејќи ја притоа големината на самата кражба. Ова се случило на отворено, среде бел ден и тоа на јавно место. Ова навистина може да го промени начинот на мислење околу тоа да се носат пари на јавни места.

Јас искрено се надевам дека полицијата и соодветните власти ќе успеат да го најдат злосторникот. Па луѓе… бидете претпазливи и совесни ако носите со себе повеќе пари на јавни места… денешниот инцидент може да предизвика некои привремени сомнежи околу безбедноста на јавни места.

[2]

Сцена од криминалот? Од страница со фотографии од Твитер на @пурпли28

Еден ран извештај вели дека неколкумина патници во автобусот ја забележале „кражбата“. Преземено од Брунеи Тајмс [6]:

Додека автобусот се движел, тој вели дека не можел да ги види патниците внатре во колата, но забележал дека и двете предни врати се отворени. Од негова гледна точка, тој исто така забележал друг човек „малку подалеку“ од колата, кој што бил сведок на инцидентот.

„Гледаше директно во колата. Не знам. Можеби беше еден од нив (соучесник) или само сведок“, тој рече.

Но, и пред да излезат весниците наредниот ден, гласини веќе имало за тоа дека кражбата била наместена. Лажната кражба беше на насловна страна на еден од локалните весници. Очигледно, вработената сакала да украде пари од работодавачот, импровизирајќи кражба во автобус. Еве неколку коментари на Твитер за тоа:

@кисиш [7]: добро… па, кражбата никогаш не се случи.

@раноадидас [8]: twitpic.com/4thu4v [9] Зар кражбата била наместена??

@d3x [10]: Загрижувачки трендови. twitpic.com/4thvct [11]

Уште на самиот почеток приказнава некако немаше смисла. Зошто некој да носи со себе 20,000 долари, а да нема друштво со себе? Ова е трогателна приказна за еден „нападнат“ човек кој се потрудил да ги измами своите работодавачи, но на крај не успева да ја префрли вината на некој друг.

Во една бајка, сè среќно ќе завршеше, но во овој случај работодавачите веројатно би се сожалиле и би решиле да ѝ помогнат. Сепак, ова не е бајка- во реалниот живот таа треба да се соочи со законот.

Овој инцидент, независно од неговата лажна природа [12], на некој начин ги предупреди граѓаните на оваа држава и им даде некаков аларм дека некои луѓе не се плашат да направат каков било криминал за да дојдат до пари. Во случајов се покажа дека парите знаат да направат повеќе лошо одошто добро.