- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Интервју со Гајл Брасак, преведувач на „Глобал Воисис“

Категории: Јапонија, Франција, Граѓански медиуми, Катастрофи

Ова интервју е дел од нашите актуелни профили на соработниците на „Глобал Воисис“ [1]. Преведувачите се наши соработници (позади сцената), кои што им овозможуваат на читателите да ја читаат содржината на различни јазици.

Многу често, интересот во одредена земја е една од причините што читателот не е само читател, туку тој постепено станува учесник и соработник во „Глобал Воисис“. Во моментов, Јапонија се наоѓа во центарот на вниманието според Гајл [2], а тоа е благодарение на неговиот интерес за Бангладеш, поради тоа што тој прв ги открил „Глобал Воисис“.

Погледнете ги овде [1] и другите профили на блогери и преведувачи насекаде во светот.

Global Voices translator Gaël Brassac in Kyoto, in April 2010.

Преведувачот на Глобални гласови, Галј во Кјото, во април 2010 година.

Дали беше чест посетител и читател на „Глобал Воисис“ пред да започнеш да преведуваш на француски јазик?

Гајл Брасак: Јас ги открив „Глобал Воисис“ во раната 2009 година на Универзитет, правејќи преглед и контрола на геополитичката ситуација во азиските земји. Имав слушнато за тоа од бунтот во армијата на Бангладеш. Во дневниот печат имаше многу малку извори на различни информации, но на „Глобал Воисис“ јас открив една многу добра статија [3] од еден преведувач Резван [4], која што многу ми помогна! Постепено, започнав со преведување на сајтов, а исто така и пишував, односно придонесував за него како автор [5].

Која статија што си ја преведувал на „Глобал Воисис“ најмногу те „измалтретирала“ т.е најмногу те „измачила“?

Гајл: Една од првите статии, кои ги преведував беше за Египет, во јуни 2010 година; „Моето име беше Калид и јас не бев терорист 🙂 [6]“. Таа објаснуваше зошто еден млад Египќанец, кој што поседува компромитирачки видеа од локалната полиција, бил убиен од истите полицајци. Статијата покажа широко распространета корупција низ целата држава, преку целата полициска сила. После половина година, сè се променило, но демонстрантите на плоштадот Тахрир не го заборавиле Калид [7] и го покажувале неговиот профил за време на најдобрите постигнувања, како и во најлошите моменти во египетската револуција.

Ти живееш во Дром, Франција, но Јапонија е во центарот на твоето живеење, особено овој временски период. Зошто баш Јапонија?

ГБ: Паа, осудете ги ТВ-сериите на клуб Доротеја и неговата јапонска анимација кои се емитуваа додека бев мал! Како тинејџер, јас започнав да ги читам своите први „манга“ серии, меѓу другите и бизарните авантури на Џо џо [8], ГТО [9], Руроуни Кеншин [10] итн. Од литературата, особено ги читав Мураками Руи [11]Харуки Мураками [12], Осаму Дазај [13] и Риосуке Акутагава [14]. Сакам да учам јазик и секако да живеам во таа држава. Најпрво, јас студирав англиски и јапонски јазик со намера да започнам бизнис помеѓу Франција и Јапонија, но курсевите по маркетинг-стратегија го извадија подоброто од мене. 🙂 Јас повеќе сакам да сум дел од нешто каде би имал обврски кон хуманоста и каде што луѓето се главна преокупација, а не парите. По една година помината во Јапонија, се обучив во менаџментот и направив еден хуманитарен проект на Универзитетот на провинцијата Аикс- ен во Франција, а таму ја запознав и мојата сегашна девојка, Заиничи, која е корејка родена во Јапонија. Во моментов, барам хуманитарна работа во Франција, Јапонија или некаде на друго место. Но, кога ќе остарам, со сигурност ќе се отселам да живеам во Јапонија.

Како се соочи со тамошните актуелни настани [во Јапонија] од Франција?

Гајл: Јас бев премногу вознемирен и потресен, цела недела по земјотресот во Јапонија [15], цунамито и дупката од радијацијата на моќната нуклеарна централа во Фукушима. Активно ги следев вестите, но информациите од традиционалните медиуми целосно ме разочараа, па се решив да одберам еден подруг извор на информации [16]- форум. Кога катастрофа како оваа ќе се случи во една земја каде што некој има доживеано толку многу убави моменти, девојка, пријатели, каде што некој сè уште има надеж за живот, тешко е да го поднесеш сето тоа. Но, јас сум сигурен дека Јапонија ќе го преброди сето тоа и повторно ќе биде онаква каква што била по завршувањето на Втората светска војна. Се надевам дека тие ќе употребат една јасна и напредна политика и ќе донесат правилна одлука како онаа кога го напишаа член 9 од државното уредување на Јапонија од 1946 година [17] кога тие повторно објавија војна.