- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Египет: Чистење на Тахрир

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Египет, Владеење, Граѓански медиуми, Младина, Политика, Протест

Овој напис е дел од нашето специјално покривање на Египетски протести 2011 [1].

Последниве неколку недели, како што Египќаните ја „исчистија“ својата земја од диктаторство, плоштадот Тахрир беше полн со луѓе, полн со радост и како резултат на тоа, полн со работи за расчистување. Иако активистите на центарот на плоштадот се погрижија за својот  привремен дом [2], сепак имаше уште многу работа како што народот се намалуваше.  Денес, извештаите велат дека централно Каиро е почисто од кога и да е, благодарение на многуте доброволци кои помогнаа.

Како што @CairoCityLimits истакнува [3] на Твитер:

Централно Каиро: Најчистиот град кој некогаш постоел? Дури и рабовите се свежо фарбани. #јан25 #тахрир

@JonJensen додава [4]:

Масивни напори за расчистување на Тахрир се во тек- најмногу од граѓаните на Египет. Првите коли почнуваат да поминуваат. #Египет

Надоврзувајќи се на фотографијата (подолу), Арва Махмуд (@arwasm) ја покажува тимската работа на дело:

Ја поправаме калдрмата што ја уништивме откако ги користевме камењата за да се заштитиме! #јан25 #египет http://yfrog.com/h2lcsqj

[5]

Група доброволци ја поправаат калдрмата на Плоштадот Тахрир

Абделрахман Хасан (@estr4ng3d) има да сподели слика од приземјена положба од плоштадот и ова [6] да го каже:

Не претерувам кога велам  дека асфалтот на  #тахрир е  ЧИСТ КАКО СОЛЗА. Дури и мириса на средство за дезинфекција! http://yfrog.com/h49dehcj

[7]

Глетка на Плоштадот Тахрир од приземјена положба

Тој додава [8]:

Буквално е предизвик да се најде прашина за да се исчисти на #тахрир сега.

И повторно, познатата египетска смисла за хумор се појавува, со коментарот [9] на @SharifKaddous:

Се судрив со братучед ми, Исмаил Нагиб, на мостот Каср Ел Нил. Тој вели: „новото оружје е метлата“ #Тахрир #Египет