Јапонија: Пекмен хит и по 30 години

Со препознатливата глава во форма на пита и ономатопејското „паку – паку“ грицкање, Пекмен ровари низ историјата на модерните видео игри. Ниеден друг карактер од видео игрите не може да се пофали дека до тој степен го заробил вниманието на светот и дека ја трансформирал играчката индустрија во целост. Роден за време на расцутената јапонска играчка индустрија во 80-тите, Пекмен надживеа многу од своите современици и ден денес е сè уште популарен.

Како знак за долговечноста на Пекмен, многумина овој викенд го прославија неговиот 30-ти роденден. Јапонската компанија за видео игри Namco, креаторот на Пекмен, ја увиде можноста да промовира нов заплет во историјата на Пекмен: нова игра, наречена “Pac-Man Reborn” (Прероден Пекмен), која би се играла преку Твитер. Играта беше пуштена викендов само во Јапонија како бета-верзија, а веќе се опишува како „најголемото дерби на уништување малечки пити од кога и да било“ (За повеќе детали, следете го @pacman_reborn на Твитер)

Пекмен од околу 1980-тата

Гугл

За повеќето, вклучувајќи многумина во Јапонија, сеќавањето на Пекмен не дојде од неговиот креатор, туку од Гугл, кој пак оддаде почит кон настанот со тоа што ја вметна играта во своето лого. Многу Јапонци беа пријатно изненадени што налетаа на овој карактер, еден од најпознатите јапонски културни извози, на овој онлајн сервис.

На јапонскиот Твитер, луѓето тагнуваа коментари за Гугловата игра базирана на јава користејќи го хаштагот #googlepacman_jp.

@cagesmile вели:

Googleロゴがパックマンだ!生誕30周年だって。しかも実際に今日から2日間遊べる!忠実に再現されている。InsertCoinボタンをもう一度押すと対戦プレイ。懐かしいなぁ。当時もそうだったけど、いつも見ているほう。1面もクリアできない…。 #googlepacman_jp

Логото на Гугл е Пекмен! Најверојатно е 30-тата годишнина. И, во текот на следните 2 дена, всушност може и да се игра! Добро ја имаат направено. Може да се започне игра со кликнување на “Insert Coin” (Внесете Паричка) копчето. Како во старите времиња, нели? Јас секогаш сум оној кој само гледа (не игра), исто како што и тогаш бев. Не можам ниту првото ниво да го поминам…

@fall_meet, кој конечно успеа да го пројде првото ниво, прецизираше еден од шармовите на Пекмен:

ゲームは苦手なので単純なものしかやらないです。でもパックマンは気軽に遊べていい感じ。 #googlepacman_jp

Не сум добар во игрите, па ги играм само најпростите. Затоа ми се допаѓа Пекмен, многу е лесно да се игра!

Блогерот ss1200, поискусен Пекмен играч, се сеќава:

高校生のころPC-6001MkII のパックマンをやりまくってました。結構うまく移植されてましたですよ。

Кога бев во средно школо, како луд играв Пекмен на PC-6001MkII (вид персонален компјутер). Навистина добро ја имаа средено за него.

Блогерот и корисник на Твитер, Yoshio (@yoshio_will), кој имаше проблеми да го пројде второто ниво на играта, реши да навлезе подлабоко за да види дали е можно да се прескокне до познатото 256-то ниво. Опишувајќи го код на Гугл за играта, тој вели:

なんというか色々とすさまじい。変数名に1文字のを使われると何がなんだか。
しかも全然改行がないので読みにくくてしょうがない。
どうやらCanvasを使って画像を出しているっぽい。音はどうしてんのかと思ったら、音出し専用Flashをスクリプトから呼び出しているらしい。うーむなんとも。

Што да кажам, навистина е неред нешто. Како да употребуваат една буква за променливите имиња. И воопшто нема нов ред, па е многу тешко за читање. Изгледа го употребуваат HTML5 протоколот за да ги создадат сликите. Се прашував што ли правеле за звуците, изгледа дека повикувале посветена Флеш скрипта за да ги продуцираат. Хммм…

Поглед одблизу го даде решението:

g.livesが残機数、g.levelが現在のステージなので、とりあえず254面にしてみた。
あとは一時停止を解除してやれば、「内容は1面だけど番号だけは254面」で動き出します。

この状態でとりあえず1面クリア。

すると、次に用意されるステージは255面になります。

g.lives е бројот на преостанати животи, а g.level е нивото кое се игра. За да започнам, само го променив нивото на 254-то. Кога отпаузирав, играта се врати со истиот екран како првото ниво, но бројот беше променет во 254.

Така што отпрвин го завршив нивото во оваа состојба. Кога го завршив, следното ниво кое дојде беше 255-тото.

По поминувањето на 255-тото ниво, благодарение на малку менување на кодот на своја рака за да си додаде повеќе животи, блогерот стигна на 256-тото ниво, каде што чудни работи се случуваа.

256-тото ниво на Пекмен верзијата од Гугл

え・・・。
もしかして無理矢理256面にしたからバグった?
と思ったんですが、どうやらアーケード版のバグの再現らしい。

Што…? Дали ова значи дека ако присилно дојдеш до 256-тото ниво се случува грешка на кодот? Си го помислив тоа и навистина, изгледа дека ја пренеле истата грешка од флиперската верзија.

Грешката всушност е „екран на смртта“ од оригиналната верзија на играта, што значи дека верзија на Гугл, со шареноликото 256-то ниво, е навистина верна на оригиналот и покрај сè.

Aко свежината на новата Пекмен игра и нејзиното мистериозно 256-то ниво не беа доволно за да ве натераат да ја испробате, помислете само дека играта исто така може да ја играат и двајца. Не ја пропуштајте!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.