- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Што правеа читателите на „Глобал војсис“ минатата седмица?

Категории: Западна Европа, Источна Азија, Источна и Централна Европа, Јужна Азија, Кариби, Латинска Америка, Океанија, Северна Америка, Среден Исток и Западна Африка, Супсахарска Африка, Централна Азија и Кавказ, Граѓански медиуми
[1]

„Кој си ти?“ – слика од корисникот на „Фликр“ Маир. СС BY 2.0

Во „Глобал војсис“ нашата заедница истражува, пишува, уредува и преведува приказни со цел да ги поддржи човековите права и да гради мостови на разбирање низ земјите, културите и јазиците.

Ние не објавуваме само за да привлечеме внимание или за да следиме тренд на вести. Ние, всушност сакаме да следиме како нашата макотрпна работа влијае низ светот.

За таа цел, една корисна метрика е како читателите реагираат на нашите приказни и преводи. Па ајде да видиме, кои биле нашите читатели и што им го привлекло вниманието за време на седмицата од 28 мај до 3 јуни, 2018 година.

Каде низ светот се чита „Глобал војсис“?

Минатата седмица, нашите приказни и преводи привлекоа читатели од 206 држави! Првите 20 држави претставени низ сите сајтови на „Глобал војсис“ беа:

1. Соединетите Американски Држави
2. Aргентина
3. Бразил
4. Jапонија
5.Франција
6. Taјван
7. Meксико
8. Шпанија
9. Колумбија
10. Перу
11. Обединетите Арапски Емирати
12. Италија
13. Хонг Конг
14. Бангладеш
15. Германија
16. Обединетото Кралство
17. Индија
18. Канада
19. Русија
20. Oман

Но, тоа е само мал дел од разновидноста на нашите читатели. Ајде да го искористиме „Вистинскиот генератор на бројки по случаен избор“ [2] од Random.org и да видиме уште некои земји на листата:

105. Киргистан
154. Андора
26. Танзанија
117. Того
189. Чад

„Глобал војсис“ на англиски јазик

Најголемиот дел од оригиналната содржина на „Глобал војсис“ прво се објавува на страницата на англиски јазик. Топ 5 најчитани приказни од минатата седмица беа:

1.  Maкедонците успејаа да се пошегуваат со сериозното прањање за името со Грција [3]
2.  Колку „африканска“ е Северна Африка? [4]
3.  Швајцарска пиварница поттикнува протести во Непал заради именување ново пиво со вкус на тимур по покоен крал [5]
4.  Новата влада на Малезија под притисок да спроведе реформи во медиумите [6]
5.  Кои се политичките затвореници на Кина? Проверка на човековите права, 29 години по Тијанмен  [7]

 „Глобал војсис Лингва“

Лингва е проект кој преведува статии од „Глобал војсис“ на други јазици, не само на англиски јазик. Има околу 30 активни „Лингва“ страници. Подолу е минатонеделната најчитана статија или превод на секоја активна страница.

 Арапски

Бангладешки

Каталонски

 Кинески ( поедноставен)

 Кинески ( традиционален)

Чешки

Холандски

 Фарси

Француски

 Германски

 Грчки

 Хинди

Индонезиски

Италијански

 Јапонски

 Курдски

Maкедонски

Maлгашки

Непалски

Полски

Португалски

Пaнџаби

 Романски

 Руски

 Српски

 Шпански

 Свахили

 Урду