Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Мапа на човековите права во Камбоџа

Борците за човекови права во Камбоџа користат онлајн мапи за да ги регистрираат, набљудуваат и разоткријат случаите со прекршување на човековите права во земјата. Сити, порталот за човековите права во Камбоџа располага со Мапа со прекршување на човековите права која дава приказ за состојбата со прекршување на правата во Камбоџа.

Следната мапа покажува случаи на прекршување на човекови права низ земјата. Кога ќе ја отворите мапата на Сити порталот најпрвин со црвена боја ви се прикажани најновите случаи со прекршување на човекови права. Може да пребарувате по категории жртва, наводен сторител, статус на случајот, место и датум.

Мапа на прекршување на правата на Сити порталот

Земјишните спорови се во пораст во изминатите неколку години и најчесто се поврзани со проекти за развој, поради кои илјадници жители биле иселени од своите домови.

Според нашите истражувања регистрирани се околу 223 земјишни спорови на јавни имоти во изминатите 4 години од 2007… Според нашите информации провинцијата каде што овој вид спорови се најзастапени, со 10% од вкупниот број на случаи е Пном Пен во која се наоѓа главниот и најголем град на државата.

Земјишни спорови во Камбоџа

Дневниот весник The Cambodian Daily Weekend објави статија во врска со сомнителните случаи на концесија на земјиште во Камбоџа.

3,936,481 хектари земја се ослободени за рударство и се наменети како економско земјиште, што вкупно опфаќа 22% од површината на Камбоџа.

1,900,311 хектари се доделени на компании кои се занимаваат со рударство и истражување на скапоцени материјали како што се злато, бакар, железна руда и боксит.

2,036,170 хектари се ставени под закуп и се наменети за одгледување земјоделски, индустриски култури и за житарки како што се каучук, шеќерна репка и маниока, што зафаќа 53% од вкупната обработлива површина на Камбоџа.

346,000 хектари се области под заштита на Министерството за животна средина. Во овие област спаѓаат околу 10% од земјиштата заштитени од Министерството.

Од 2003 година околу 400,000 луѓе од 12 провинции се погодени од овие спорови. Според Ликадо главна причина е тоа што нивни земјишта биле дадени под закуп.

На следната мапа се покажани местата каде што новинари се убиени во Камбоџа.

Убиства на новинари во Камбоџа

Глобал Војсис ја објави мапата на затвори на Ликадо, група за човекови права. Подолу се наоѓа мапата за слобода на изразување.

Мапа за слобода на изразување.

Други мапи

Сега е достапна и онлајн мапа на членовите на парламентот. Минатиот месец исто така беше објавена мапа со распоред за исклучување на елетрично напојување во Пном Пен. Исто така има мапи за улиците во Пном Пен, ресторани, агенции, продавници и хотели. Беше отворена и веб-страница која треба да го следи развојот на инфраструктурата и други проблеми поврзани со развојот во Камбоџа. Во меѓувреме истражувачите на мапи се жалат на трошоците и забраните наметнати од Националните архиви.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.