- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: Извештај за сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници

Категории: Источна и Централна Европа, Среден Исток и Западна Африка, Македонија, Турција, Граѓански медиуми, Жени и род, Здравје, Хомосексуални права (ЛГБТ), Човекови права

Коалиција за заштита и промоција на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници неодамна објави [1] годишен извештај за почитувањето на овие права во Р. Македонија за 2010 г. кој може да се симне во вид на е-книга [2] со текст на македонски и англиски, во кој се документирани околу 40 случаи на дискриминација. На 16 мај Индексот на ИЛГА Европа [3], ги оцени Македонија и Турција со рејтинг (-2), најнизок меѓу земјите-кандидатки за ЕУ.