- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Египет: Протестирање за Сирија

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Египет, Либија, Сирија, Граѓански медиуми, Меѓународни односи, Најважни вести, Политика, Протест

Oваа објава е дел од нашата специјална покриеност на протестите во Сирија во 2011 година [1].

[2]

Протестирач пред Сириската амбасада денес. Фотографирано од Хосам Ел Малави

Голем број на Египќани им се придружи на сириските студенти кои се собраа пред амбасадата на Сирија во протест против убивањето на демонстранти, и повикаа на државен преврат на Сирискиот режим на Башар Ал Асад. Протестантите пееја во солидарност со сириските демонстранти и исто така се молеа за оние кои ги изгубија своите животи во протестите.

Лилијан Вагди, која присуствуваше на протестите, напиша на Твитер [3]:

Само што се вратив дома. Ми се допадна духот на денешните демонстрации пред Сириската амбасада. Беше бестрашно, и преовладуваше атмосферата на солидарност

Во друга порака на Твитер , таа напиша [4]:

овде има 300 луѓе подеднакво Сиријци и Египќани што би се рекло#сириска амбасада #eгипет

Зеинобија, кој исто така беше пред Сириската амбасада, го сподели овој клип [5] кој покажува како студентите во Каиро извикуваат(Aр): “Оди си! Оди си! Башар!”

[6]

Протестанти пред Сириската амбасада во Каиро денес. Фотографирано од Хосам Ел Хамалави.

На Твитер, Зеинобија додава [7]:

Толку сум срекен со денешниве Сириски протести во Каиро

Мена Мохи, која исто така беше таму,додава [8] (Aр):

جماعة انا حاسة ان فى حالة من البجاحة و الغباء داوئتى ! السفير مشغل اغانى مؤيدة … انت حمار يا حمار ! #eгипет #сирија
Чувствувам голема глупавштина денес. Амбасадорот пушта песни како знак за подршка на режимот на гласноговорникот. Ти си вистинско магаре!

А 3aрабави, или Хосам Ел Хамалави сподели колекција на фотографии кои ги сликал на протестите овде [9].

На сервисот за гледање во живо преку мобилните телефони,Бамбусер, Sherif Boraie [10] сподели клип од протестите покрај Сириската амбасада. Протестантите повторуваат (Aр): “Куќа по куќа, Сирија е полна со слободни луѓе.”

Исто така денес, Сара напиша на Твитер [11]:

Протести пред либиската амбасада во Каиро. Либиски, египетски и сириски знамиња. Блокада од Воената Полиција, патиштата пренасочени.

Оваа објава е дел од нашата специјална покриеност на протестите во Сирија во 2011 година [1].