- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Гватемала: Вонредна состојба поради тропската бура Агата

Категории: Латинска Америка, Гватемала, Граѓански медиуми, Катастрофи, Најважни вести

Веднаш откако вулканот Пакаја ја зголеми својата активност [1], тропската бура Агата, која се создаде некаде во Средна Америка [2] особено тешко ја погоди Гватемала, оставајќи опустошност во планинските краеви, како и исчезнати луѓе, 93 жртви, блокирани патишта, скршени мостови и опустошеност во руралните средини.

Бурата се смири на 30 мај, но поради големите штети, школските часови се одложија до 4 јуни и целата држава е во тревога. Мрежата на дигитални новинари [3] [шпански] им препорачуваат на луѓето да останат во своите домови, освен доколку не е неопходно.

[4]

Фотографија од гватемалската влада користена под CC BY NC SA лиценца.

Џералдин Мек известува [5] за трагедиите настанати од одрони:

Во Гватемала е прогласена вонредна состојаба, откако поројните дождови настанати од бурата пустошат низ Средна Америка. Поројните дождови на ‘Агата’ предизвикаа одрони, кое подеднакво ги уништува и куќите и економијата, отсечувајќи патишта и предизвикувајќи страв и паника долж регионот, а исто така постои и ризик од вулканска ерупција. На околу 193 км од Гватемала Сити во градот Аломолонга, одрон засипа куќа заедно со фамилијата, 2 возрасни и 2 деца, немаше преживени. Четири други возрасни, исто така, беа убиени од одделни инциденти поради големата количина на пороен дожд, предизвикувајќи неколку одрони, а исто така за исчезнати се сметаат 11 лица. Овие одрони предизвикаа проблеми со сообраќајот, а додека пак погодените места останаа без струја.

Блогерот Читиоре ја состави [6] листата со адреси каде што може да се земи од донираните работи за помош на лицата погодени од бурата. Штетите се уште не се сигурни, но бурата се намали и сега е период на тропска депресија, што е наречено [7] “чудо” од блогот Гуд Њуз од Гватемала [7]. Сега, бурата се движи кон најранливите региони во државата, каде што теренот беше особено лошо погоден. Нивоата на реките се зголемија, предизвикувајќи поплави, а многу патишта се блокирани од карпи кои беа однесени од водата.

[8]

Куќи во близина на вулканот. Фотографија од гватемалската влада користена под CC BY NC SA лиценца.

Според официјалнито владин профил на Твитер @TuGuatemala [шпански] [9], официјалните бројки за неделата наутро се, 13 загинати, 30 исчезнати лица, 17.101 во повремено сместување и 2.912 тешко оштетени куќи. Оттогаш, бројот на загинати се зголеми до приближно 100. Вонредната ситуација бара координација и солидарност од сите Гватемалци и помош од меѓународната заедница. Можете да си ја претставите мапата [10] (pdf) со сите пријавени инциденти до 30 мај.

[11]

CC BY NC SA од Gobierno de Guatemala

Руди Гирин од блогот AntiguaDailyPhoto.com пишува дека на Гватемала и е неопходна пауза од катастрофи [12]:

Секако дека тропската бура Агата е најлошото од сите зла, бидејќи тешко ја погоди целата држава со поројни дождови кои предизвикаа поплави и лизгања на земјиштата на многу места, вклучувајќи ја Ла Антига Гватемала. Многу луѓе ги изгубија нивните домови, но и многу беа евакуирани и сега живеат во привремени засолништа. Голем број на Твитер пораки и Фејсбук вести и понатаму преплавуваат со новости и хаш означувања (#-симболи) #Pacaya [13], #AgathaGT [14],#CenizasGT [15], #ApagonGT [16], итн. Можете да ги погледнете сите фотографии од тропската бура Агата кои што се ажурираат на http://is.gd/cvbam [17] и http://is.gd/cvbak [18]. Нели се согласувате дека ни треба одмор од природните катастрофи?

Многу луѓе во Гватамала се согласуваат со ова и се надеваат дека државата ќе биде подготвена да им помогне на оние кој им е потребна помош.