- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Камбоџа: Блогерите ја промовираат кмерската книжевност

Категории: Источна Азија, Камбоџа, Граѓански медиуми, Книжевност, Младина, Уметност и култура

អក្សររលត់ ជាតិរលាយ អក្សរពណ្ណរាយ ជាតិថ្កើងថ្កាន
Aksar roluat jeat roleay Aksar ponnareay jeat thkeung thkan.

„Ако исчезне книжевноста, ќе исчезне и народот, ако книжевноста е брилијантна, народот е прекрасен.”

Ова е една од најзначајните камбоџански поговорки, која најчесто се користи на часовите по камбоџанска книжевност почнувајќи од основно па до високо образование. Тоа е највлијателната порака која што ја инспирира младата генерација да ја промовира кмерската книжевност. Неверојатно, но младите камбоџански блогери ја реализираа оваа поговорка промовирајќи го достигнувањето на авторите од претходната генерација, создавајќи сопствена литература како и развивајќи таленти преку објавување на дигитални и печатени материјали.

Основана во 2007, Кhmer Youth Writers [1] [Mлади кмерски писатели] e иницирана од страна на млади автори, надарени за камбоџанска книжевност, со цел да се промовира и подобри кмерската книжевност и нејзиниот пазар. Многу од младите членови на тимот победиле на Националниот натпревар за кмерска книжевност, кој секоја година го организира Министерството за образование.

Нив исто така ги обучуваат и литературни здруженија како Nou Hach Literary Association, [2] чие мото е јакнење и промоција на камбоџанската книжевност. На нивните публикации се восхитуваат читатели кои сакаат да дознаат повеќе за тоа како се станува талентиран автор.

Кога го запрашаа за неговиот интерес за пишување и за тоа да стане писател, 26 годишниот Чампал Сок [3], кој тврди дека е најстар во тимот (просечната возраст во групата е меѓу 19 и 22 години), одговара на кмерски:

ខ្ញុំ! ចាប់អារម្មណ៍ព្រោះយល់ថាជាសិល្បៈដែលមិនងាយនឹងធ្វើបាន ទាល់តែមនុស្សពូកែទើបអាចសរសេរស្នាដៃបាន
ចង់ក្លាយជាមនុស្សពូកែក៏ចង់ក្លាយជាអ្នកនិពន្ធ
គិតថា មិនមែនមនុស្សគ្រប់គ្នាអាចអ្វើការងារនេះបានទេ បើខ្លួនឯងមាននិស្ស័យអាចទៅរួចគួរតែខំប្រឹង

Mе интересира оваа работа затоа што книжевноста е тешка уметничка задача. Може да ја работат само неколку талентирани луѓе. Бидејќи сум особено надарен за книжевност, сакам да станам писател.

Sophal [3] исто така ја истакнува и значајноста на работата на неговиот тим како кај кмерскиот читател, така и кај целото општество:

ទីមួយ ខ្មែរមានអក្សរសិល្បអាន។ អប់រំតាមស្នាដៃនិពន្ធ។មនុស្សអាចសិក្សាពីសង្គមមួយតាមស្នាដៃអក្សរសិល្ប៍ ។ខ្ញុំសង្កេតឃើញថា បើប្រទេសណា មានអ្នកនិពន្ធពូកែច្រើនប្រទេសនោះក៏រីកចម្រើនដែរ ។ មនុស្សរៀនតាមសៀវភៅ បើមានសៀវភៅល្អច្រើនប្រាកដជាល្អ។

Како прво, кмерските читатели може да имаат придобивки од камбоџанската книжевност. Може да се користи за едукативни цели. Луѓето преку книжевноста може да учат за општеството. Сметам дека една земја оди напред, кога има многу талентирани писатели. Луѓето учат читајќи книги; па според тоа, одлично е ако се објавени многу книги.

Некои од членовите кои што живеат во провинциите, не се во можност редовно да присуствуваат на состаноците на тимот. Со помош на интернет, се обезбедува непосредна комуникација во групата. Sophal [3] смета дека блоговите се одлична комуникациска алатка. „Блогот е како наша канцеларија, која можеме да ја споделиме и преку којашто нашата работа станува надалеку позната,” вели Sophal [3].

Еден од основачите на Mлади кмерски писатели, Archphkai [4] или Астероид, на својот профил дава една кратка историја за групата:

«ក្រុមអ្នកនិពន្ធវ័យក្មេង» ត្រូវបានបង្កើតឡើងដោយក្រុមសិស្សនិស្សិតមួយក្រុម ក្រោយពីបាន ឆ្លងកាត់វគ្គសិក្សារឿងខ្លីនៅសមាគមអក្សរសិល្ប៍នូហាចរួចមក។ ក្រោយមកក្រុមនេះត្រូវបានដូរឈ្មោះជា «ក្រុមយុវអ្នកនិពន្ធខ្មែរ» វិញម្តង ដោយបានទទួលការផ្តល់យោបល់ពីអ្នកស្រីប៉ិចសង្វាវ៉ាន អ្នកនិពន្ធខ្មែរនៅប្រទេសបារាំង។

„Young Authors Group” [Групата млади писатели] е основана од група студенти кои посетувале обука за книжевност Nou Hach Literary Association. Оваа група подоцна го сменила своето име во „Mлади кмерски писатели” по совет на кмерската писателка, Г-ѓа Пич Санваван.

Еве ги линковите до блоговите на овие млади членови на тимот, како и книжевни писатели, коишто имаат напишано најразлични кратки приказни и песни: Archphkai [5], Boran [3], Chanphal Sok [3], Chetra [6], Кhmeng Тоch [7], Narath Nimol [8]

Камбоџа е особено среќна што има многу автори и образовани луѓе кои што имаат дарба за книжевност. Овие писатели применуваат chbap или дидактички правила, Reuang Preng, или народни приказни и романи со цел да едуцираат и да ја отсликаат реалноста на општеството во текот на нивниот живот. На пример, најпопуларните романи кои беа објавени кон крајот на доцните 30-ти години од минатиот век, кои се користеа како главни училишни четива, се Phka Srapon или Овенато цвеќе од Nou Hach [Ноу Нач], Sophat [Софат] од Rim Gin [Рим Гин] и Koulap Pailin или Палинска роза, од Nuk Thiem [Нук Тием]. Овие романи имаат и свои филмски адаптации. Исто така, во периодот од 1950 до 1975, се објавуваа околу 50 книги годишно (Nepote, Jacques и Khing Hoc Dy, „Literature and Society in Modern Cambodia” [9] [Книжевноста и општеството во модерна Камбоџа] 1981: 64).

Сепак, голем дел од камбоџанското книжевно наследство беше уништено за време на владеењето на Демократска Кампучија (1975-1979) кога Националната библиотека беше наменета за одгледување на свињи. Проценето е дека биле уништени околу 80 проценти од пишаните кмерски дела (читај „A Building Full of Books” [10] [Зграда полна книги] од Ledgerwood во Cultural Survival (Културен Опстанок)).

На Камбоџа и недостигаат нејзини ракописи, особено од падот на режимот на Кмерскиот Руж (Khmer Rouge). Да се надеваме дека инспиративните дела на младите камбоџански автори ќе придонесат кон повторно будење на изминатата златна ера на кмерска книжевност.