Учениците од средно училиште од Србија ја жртвуваа матурската забава во добротворни цели

Како доказ дека свесноста и разбирањето на економските тешкотии кои ги имаат младите луѓе денес, средношколски матурантски клас од градот Пирот во јужна Србија донесе навистина одговорна и хумана одлука.

Во октомври 2012, учениците од 4 година во Пиротската гимназијата (Pirotska Gimnazija) пресметаа дека ќе треба да потрошат во просек околу 500 евра за да купат фустани, костуми и се што оди со тоа за нивната матура. Тие решија дека ова е премногу за да се потроши на една вечер која нема многу да им значи во иднина. Заедно со поддршката на нивните наставници, родители и други, ветија дека ќе носат црни (за момчињата) и бели (за девојчињата) маички на нивната матура, а парите кои планирале да ги потрошат, наместо тоа, ќе ги дадат на три деца со посебни потреби од нивната заедница.

The graduating class of Pirot High School in front of their school on the day of their graduation.

Матурантскиот клас од Пиротската гимназија пред нивното училиште на денот на нивната матура. Фотографија на “Tvojih pet minuta sjaja – Nečiji ceo život”

Тие го нарекоа настанот Твоите пет минути слава – нечиј цел живот и започнаа да собираат средства за Предраг Потиќ, 12 годишно момче со целебрална парализа, 1 годишниот Матеја Лазаревиќ кој досега имал седум операции, и Чеда Тошиќ, 5 годишно момче кое исто така болува од целебрална парализа, а по неодамнешната операција, започна да оди.

Исклучителните матуранти напишаа на нивната страница на Фејсбук:

Није нам било лако, нарочито када су одмицали дани и схватали озбиљност овакве организације. Настала је, истовремено, као жеља да се помогне некоме и бунт против кича који је захватио наше друштво. Новац је сакупљан уплатама ученика и запослених у Гимназији, захваљујући донаторима[…] као и неких добрих људи, и сакупили смо 310 000 динара.

Не беше лесно, особено како што минуваа деновите и ја сфативме тежината на ваков вид на организација. Истовремено, постоеше желба да се помогне некому и отпор кон кичот кој го зафати нашето општество. Парите се собираа преку донации од студентите и вработените на Пиротската гимназија, а благодарение на донаторите […] како и на некои добри луѓе, собравме 310.000 динари [приближно 2.800 евра].

Српските онлајн медиуми и социјални мрежи, секако се преплавени со воодушевување, почит и поздрави кон необичниот клас од гимназијата во Пирот. Како што известува порталот Мондо, матурантите одржале мала церемонија во нивното училиште во петокот, за да ги испорачаат собраните средства до 3те момчиња, Пеџа, Матеј и Чеда, по што гордо шетале, рака под рака, на главната улица во градот, во црни и бели маички, како што ветија дека ќе носат на нивната матура. Еден донатор им помогнал да се направат посебни маички за оваа пригода со на нив испринтано „Твоите пет минут слава – нечиј цел живот“.

Со аплауз од многумина во Србија и другите земји, учениците останаа скромни и имаат намера да продолжат со нивните хуманитарни напори. Во истата објава од 2 јуни на нивната страница на Фејсбук, тие велат:

Нажалост нисмо успели да сакупимо планирану суму од 500 000 динара, али смо успели да измамимо сузе Матеиним родитељима, свима присутнима у свечаној сали Гимназије, па и нама самима… А касније смо се ипак сви смејали. 🙂

Пробајте и ви, измамите неком осмех, не боли. Не сматрамо себе неким великим људима, хуманитарцима, пуно је таквих који то заиста и заслужују. Ово је далеко одјекнуло(то нам није био циљ, нити смо се надали томе), али ће се заборавити генерација 1994 пиротских матураната. Верујемо да ће нас се некад сећати, уз осмех, само Матеа, Чеда и Пеђа, остало нам није ни битно.

За жал, не успеавме да го собереме планираниот износ од 500.000 динари, но успеавме да ги насолзиме очите на родителите на Матеја, сите присутни во салата за настани во училиштето, и нашите сопствени очи… А подоцна сите се смеевме. 🙂

И вие треба да се обидете некому да донесете насмевка, не штети. Не се сметаме себеси за големи луѓе, хуманитарци, има навистина многу кои навистина заслужуваат да бидат наречени така. Ова се слушна надалеку (тоа не беше нашата цел, ниту можевме да се надеваме на тоа), но генерацијата од 1994 од Пиротската гимназија ќе биде заборавена. Веруваме дека единствено ќе се сетат на нас, со насмевка, Матеја, Чеда и Пеџа, за другите не се грижиме.

One-year-old Matija with his mother at the ceremony in Pirot High School. Photo courtesy of  "Tvojih pet minuta sjaja - Nečiji ceo život"

1 годишниот Матеја со неговата мајка на церемонијата во Пиротската гимназија. Фотографија од “Tvojih pet minuta sjaja – Nečiji ceo život”

Учениците кои веруваат дека „ќе бидат заборавени“ исто така ги поканија средношколците од други градови во Србија, да им се придружат на нивната кауза и да ги следат нивните стапки. Тие веќе постанаа интернет хит во Србија, а зборот се шири брзо и во соседните земји. Корисникот Leteći medvjedić на српскиот веб-сајт Vukajlija cоздаде постер кој е масивно споделуван на Фејсбук и Твитер. Постерот покажува фотографија од класот матуранти од Пиротската гимназија, како чекорат по главната улица – со наслов:

Oni su položili – ispit zrelosti

Тие го положија – испитот на зрелоста

Повеќе фотографии и објави се достапни на нивната страница на Фејсбук и профил на Твитер.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.