- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Никарагва: Твитник и проширување на блогосферата

Категории: Популарен напис, Латинска Америка, Никарагва, Дигитален активизам, Технологија, Уметност и култура

Возбудувањето за Твитер пристигна и во Никарагва и токму поради тоа се појави сајт наречен Твитник [es] [1]. Веб сајтот ги следи сите фидови на Твитер од корисниците кои живеат во Никарагва. Заедницата беше идеја на @jorgecerda [2] и @ajulloa [3]. Твитер корисникот @penalba [4] им помага, но повеќе на „психолошко“ ниво, а @gandulo [5] е оној кој го дизајнираше и изработи веб сајтот користејќи Вордпрес.

Лого на заеднизата на Твитник

Ново лого, кое е изгласано и одбрано од членовите на заедницата

Исто така неколку нови и интересни профили се креирани, како на пример @ajuloa [3], која ја презеде иницијативата да ги комбинира RSS фидовите на локалните весници и веб форуми со цел да ги претвори во Твитер фидови: @elnuevodiario [6], @laprensa [7] и @bacanalnica [8]; но само Ел Нуево Диарио работи бидејќи RSS фидовите на Ла Пренса и Баканалника не се компатибилни со Твитер, а никој не ја знае причината зошто.

Нови (или во појавување) блогови

Notas de una nica [es] [9] (Забелешки од Ника) е блог на Јаозка Тијерино Кантон. На него Јаозка пишува за вистинскиот живот во Манагва, за политиката, лажните директори на кината, музика [10] и користењето на домашната валута [11].

Дали некогаш сте забележале дека секогаш кога ќе отидете во ресторант, продавница, па дури и аптека, дека цените се изразени во долари? Интересно е тоа што не плаќаат во домашната валута, Корбодас, но ние плаќаме се во долари.

¿Y ahora de que vamos a hablar? [es] [12] (¿И за што ќе зборуваме?) е блог на Нарен Мајорга. Блогот ги покрива политичките прашања, музиката од 80тите, „откачени“ супкултури, е-трговија и фишинг во локалните банки [13], старите песни на Пол Мекартни [14] и известува од прва рака за последниот штрајк на транспортот [15].

Поминувајќи низ улиците на Манагва, не забележав ништо невообичаено. Немаше ниту долги колони од коли поради блокадата, ниту големи групи кои треба да се насочуваат. Можеби е моја перспектива, но мислам дека протестите се надвор од градот. Имам камера во мојата кола доколку видам нешто… да видиме како ќе искочи ова.