Заедно со нашите партнери од Унгарија работиме на намалување на трошоците за регистрирање на Самитот на граѓански медиуми на Глобал војсис 2008, до цена која би била достапна на поширок број на луѓе.
Со задоволство ви најавуваме дека тоа ни успеа – трошоците за регистрација за самитот се намалени од 210 евра (приближно 323 долари) на 152 долари за двата дена на самитот (27 и 28 јуни), вклучувајќи ручек и освежување за оние што ќе се регистрираат пред 25 јуни. Целосните детали за цената може да ги погледнете на нашата страница за регистрирање, каде наскоро треба да се појави и да започне со работа нашиот онлајн систем за регистрација.
Канцеларијата на Глобал војсис (виртуелната) е постојано активна со зголемување на возбуденоста, како што се приближува датумот на самитот. Како што многумина од вас се запознаени, нашата заедница е распространета низ целата земјата и иако работиме темелно и успешно заедно секој ден, самитот е единственото место во годината каде сите се среќаваме лице во лице.
Приближно 80 членови од заедницата на Глобал војсис ќе пристигнат за самитот во Будимпешта од различни делови на светот, вклучувајќи ги стипендистите од нашата програма Рајзинг војсис, плус неколку гости кои ќе пристигнат специјално за делот од програмата наменет за Глобал војсис адвокаси. На самитот ќе има претставници на земјите Бурма, Казахстан, Судан, Либан, Бангладеш, Тунис, Тринидад и Тобаго, САД, Бразил, Аргентина, Египет, Венецуела, Кина, Индија, Таџикистан, Боливија, Гватемала, Хонгконг, Иран, Кенија, Сингапур, Бахреин, Малави, Танзанија, Велика Британија, Филипини, Колумбија, Канада, Јапонија, Србија, Франција, Република Чешка, Саудиска Арабија, Сирија, Тајван и Ерменија.
Доколку сѐ уште го немате посетено сајтот на самитот и ја немате погледнато нашата возбудлива програма, ве охрабруваме да го направите тоа. Модераторите објавуваат постови на блогот на самитот за темите од програмата и за да ги претстават говорниците и ние со задоволство ги очекуваме вашите коментари. За оние од вас кои нема да ни се приклучат во Будимпешта, наскоро следува информација за тоа како можете да учествувате од далечина.
Самитот на граѓански медиуми на Глобал војсис 2008 се одржува со поддршка од фондацијата Мекормик Трибун, Џон С. и Џејмс Л. Најт фондација, Институт отворено општество, Беркман центарот за интернет и општество, Европскиот центар за новинарство и дотСУБ.