- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Мали: Реката Нигер преку слики

Категории: Супсахарска Африка, Мали, Граѓански медиуми, Животна средина, Уметност и култура, Фотографија

Боукару Конате [1], член на Глобал Војсис заедницата во Мали, неодамна со традиционалниот малиски брод посети неколку училишта како дел од дигиталниот проект за писменост [2]. Ова беше шанса да ја истражи својата земја и да илустрира повеќе аспекти од 2,600 метри долгата река Нигер.

Нигер [3] е третата по ред најголема река во Африка, веднаш по Нил и Конго. Извира од гвинејските височини во југоисточна Гвинеја. Поминува низ Мали во облик на полумесечина, низ Нигер и на крај низ Нигерија каде што создава делта и се влева во Атлантскиот океан.

Еве неколку слики од реката Нигер фотографирани од Боукару Конате и неговиот тим и објавени со нивна дозвола. Повеќе фотографии може да најдете на Фото галеријата Сегоу Конекшн [4] на Фликр профилот на Брикончела.

[5]
Глетка на реката Нигер од кејот во Секоро, Мали
[6]
Традиционален малиски брод кој плови преку реката Нигер до пазарот
[7]
Оуро Моду, село покрај брегот на реката Нигер: традиционална фуланска архитектура
[8]
Џамијата во Џафарабе на територијата на Фула
[9]
Жена која полни вода од реката за да ги наводни оризовите полиња
[10]
Син на рибар кој си игра со алатите на пазарот
[11]
Животот на бродот на УНЕСКО
[12]
Член на екипажот со традиционална наметка на главата
[13]
Чун кој испловува на зајдисонце на реката Нигер