По долга драма со цензурата, египетските љубители на филмската уметност, при крајот на овој месец, конечно ќе бидат во можност да го погледнат филмот на Ибрахим eл Батоут, Ein Shams (Око на сонцето) како египетски филм.
Батоут, за кој се смета дека е еден од најистакнатите египетски независни режисери, се расправаше со цензорот кога за првпат започна да работи на својот втор игран филм. Режисерот одлучи да оди против тенденцијата и да започне со снимање, без добивање на потребните дозволи. Тој своите причини ги објаснува во интервјуто за списанието Арт Ривју (Art Review), каде вели:
Филмот е режиран на поинаков начин. Без дозвола на цензорот. Јас го режирав и сега барам од нив да го погледнат за да можам да започнам со прикажување на филмот. Тие не го сакаат тоа. Тие сакаат вие да ги информирате за филмот од ваша гледна точка на размислување.
Како што е прикажано на групата на Фејсбук, Ein Shams освои многу угледни награди и признанија. Тие ги вклучуваат:
Добитник на наградата „Златно тауро“ за најдобар филм на Филмскиот фестивал во Таормина.
Добитник на наградата за најдобар прв филм на Арапскиот филмски фестивал во Ротердам.
Добитник на специјално спомнување од жирито на Филмскиот фестивал во Картага.
Сепак, цензорите одлучија да дозволат филмот да се прикажува во Египет под услов да е прикажан како филм од странско подрачје – компромис на кој режисерот се противеше.
Во напис објавен на блогот за филмот, Јосиф Фахим изјави:
Но, очигледно тоа нема да се случи сега. Трејлерот за филмот веќе се емитува на египетските ТВ-канали и љубителите на филмот кои со нетрпение го очекуваат следниот филм на Батоут, кој би ги поттикнал на сериозно размислување, ќе бидат во можност да го погледнат во кино во блиска иднина.