Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Аргентина: И по 29 години, Аргентинците се сеќаваат на хероите од Фолкландската војна!

На 2 април е уште една комеморацијата на денот кога Аргентинските војници стапнале на територијата на Фолкландските острови пред 29 години, со што бил обележан почетокот на војната помеѓу Аргентина и Соединетото кралство, која траела цели 74 дена.

За време на актот предводен од претседателката на Аргентина, Кристина Фернандез во градот Рио Галеос, во блогот именуван како Ла вердадера интенцион (шпански: La verdadera intención) (Вистинска намера) бил разгледан говорот на претседателката, во кој најважно е да се истакне следниот параграф:

Siempre, las Malvinas son argentinas y no cejaremos en nuestro reclamo y convocar a todos los argentinos a la buena memoria, a la memoria de los que dieron sus vidas, a la memoria de los que luego no pudieron superar los traumas de la posguerra y perdieron también la vida. Esta vez, tal vez, de manera más terrible y más trágica: de mano propia, no de manos del enemigo en combate.

Фолкландите отсекогаш припаѓале на Аргентина и нема да заборавиме на нив во нашите барања и нашиот повик до сите Аргентинци за добар спомен, со сеќавање на оние што не можеле да ја пребродат траумата од војната по нејзиното завршување и исто така оние што ги загубиле своите животи во неа. Овојпат, можеби, на најлошиот и најтрагичен начин: со нивни сопствени раце, а не во рацете на противникот во војната.
Las Malvinas son argentinas

Фотографија од Доуг Латерман (Криејтив Комонс Наведи извор-Некомерцијално-Сподели под исти услови 2.0)

По 29 години, раните се сè уште отворени, особено за преживеаните војници и членовите на фамилиите на паднатите во војната, чија почит е наплатенa во тие денови, како што Карлос коментира во неговиот блог Мирада Махика (шпански: Mirada Mágica):

No basta con poner un día de feriado nacional y festejarlo, llenarse la boca en discursos alusivos y todas esas tonterías inútiles que no sirven más que para figurar.

Lo que estos veteranos de guerra necesitan son respuestas tangibles a sus problemas y necesidades. Aunque cueste creerlo esos mismos que arriesgaron sus vidas en una lucha inútil y desigual no paran de mendigar una respuesta a sus justos reclamos y derechos.

Не е доволно само да се прогласи државен празник и да се слави истиот, држење на неколку говори и сите тие, толку бескорисни и бесмислени, работи кои не заслужуваат ништо друго освен едноставно да бидат некому кажани. 

Она што им е потребно на овие војнички ветерани се вистински одговори на нивните проблеми и лични потреби. Иако тоа можеби ќе нè натера да веруваме во сето тоа, многумина од овие луѓе кои ги ризикувале своите животи во една бескорисна и пред сè нееднаква војна, не престануваат да бараат одговор на нивните барања и права.

Во блогот Арте и Брухерија (шпански: Arte y Brujeria), како додаток во пишувањето на извештај за историјата на Фолкландските oстрови, Лаура ги анализира политичките и економски аспекти на војната:

¿Por qué reclamar en aquél momento soberanía sobre unas islas que pertenecieron a nuestro territorio por 13 años solamente? Porque el modelo neoliberal implementado desde el golpe de Estado de 1976 (modelo que continuó hasta el 2001) había desgastado económica y políticamente al gobierno de la junta. Fue un “manotazo de ahogado” para salvarse y continuar en la presidencia.

Зошто сега ние треба да ја бараме независноста на неколку острови што биле дел од нашата територија само 13 години? Поради неолибералниот пример спроведен во времето во 1976година (модел кој се појави пред 2001 година), кој што ја уништи хунта владата на економски и политички начин. Тоа беше „еден вид шамар“ да се спасиш себеси и да продолжиш со истото во претседателството.

Во нејзиниот блог, Џиана исто така нè потсеќа на бурите од војната и хероите на Аргентина со следниве зборови:

La Guerra de Malvinas es una historia plagada de desventuras personales, errores políticos, ignorancia diplomática e improvisación militar.

Sin embargo, la sumatoria de errores y horrores no logran empañar la entrega, abnegación y valor de quienes entregaron con sacrificio sus vidas defendiendo la soberanía territorial argentina. Un reconocimiento al honor, que perdura por sobre las circunstancias y la temporalidad del hecho histórico.

Фолкландската војна е историска чума со многу човечки несреќи, политички грешки, дипломатска некултура и војничка импровизација.

И покрај тоа, вкупниот збир на недостатоци и несреќи никогаш нема да ги фрли во сенка ослободувањето, несебичноста и заслугата на оние кои ги жртвувале своите животи бранејќи ја независноста на територијата на Аргентина. Исто така едно големо признание и за почитувањето на сите околности, како и времетраењето на овој историски настан.

Исечоци од весник од 1982 година- фото: Лаура Шнајдер

Во сеќавање на Аргентинците засекогаш ќе им остане враќањето на овие острови или пак нивното невраќање. Социјалната мрежа Фејсбук претставува медиум за барањата на некои, но не и за некои други, како на пример Маријано Соса, кој што прокоментирал за групата наречена, „Англија, врати ни ги Фолкландите назад. Тие се на Аргентинците.“, вака:

no sean ilusos! se piensan q nos van a devolver las malvinas por un grupo q se hace en el face.. no sean ilusos, por favor..

Не бидете наивни! Мислите дека ќе ни ги вратат Фолкландските острови преку група на Фејсбук?!… не бидете наивни, ве молам…

 

 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.