Преглед на руската блогосфера во 2009-2010

Оваа статија најпрво беше напишана како дел од презентација на рускиот интернет за време на Самитот на Глобал војсис за граѓански медиуми 2010.

Alexey Sidorenko presenting at the Global Voices Summit in Santiago, photo by Gregory Asmolov

Презентација на Алексеј Сидоренко на Самитот на ГВ во Сантијаго, слика од Грегориј Асмолов

Основни факти

Интернет пенетрацијата во Русија достигна 38% (скоро 40 мил. корисници [руски]) во 2009. Најпопуларната блогерска платформа во државата е Livejournal.com, но blogs.mail.ru и liveinternet.ru се исто толку важни [руски] и влијателни. Цената на интернет пристапот во Русија варира од град во град (од $10 до $50 за истата услуга [англиски]). Користењето на блоговите е многу централизирано: 50% од корисниците на интернет се од Москва и Санкт Петербург, 67% од топ-блогерите се од Москва [руски]. Демографиите се блиску до глобалните: поголемиот дел од блогерите се од 15 до 30 години, женските корисници се повеќе присутни од машките.

Главни тенденции во 2009-2010

  • Регионализација: зголемен бројот на блоговите и форумите во регионот [англиски].
  • Твитеризација: зголемување на улогата на Твитер (во последните 6 месеци се повеќе блогери почнуваат да твитаат. Твитер е посебно популарен помеѓу спротиставените блогери).
  • Зголемено учество на Владата во блогосферата (владините мерки се негативни (филтрација на содржината, цензура) и позитивни (лансирање на блоговите и социјалните мрежи, поканување на блогери на важни настани) кон блогосферата.
  • Блоговите се здобиваат со доверба како информациски извор (за помладата генерација на рускиот интернет е поверодостоен извор на информации отколку радиото [англиски]
  • Виртуелните кампањи стануваат се попопуларни.

Успеси на руската блогосфера

Во екстремни ситуации блогерите се први кои го шират зборот, ги агрергираат информациите, ги држат информациите под притисок. Улогата на блоговите и новите медиуми беше од суштинско значење во информирањето за Московското бомбардирање [англиски], падот на Невски Експрес [англиски] и други катастрофи. Понекогаш, кампањите на блоговите водат кон вистински животни промени (случајот „Животни Бариери“ [англиски], спасувањето на туристите во Индонезија [англиски], случајот со странскиот пасош на Олег Козловски [англиски] и други). Сепак, ситуацијата е далеку од идеална, листата на неуспеси во руската блогосфера е поголема од листата на нејзините успеси.

Руската блогосфера и општество

  • Во повеќето случаи виртуелните кампањи не водат кон вистински измени (посебно во поголемите случаи). Еден од поголемите примери е ситуацијата со случајот на градоначалникот Димовски [англиски]. Иако неговата видео адреса била многу популарна, тој бил уапсен и не биле направени никакви промени во неговата полициска станица. Истото се случи (во смисла дека ништо не се променило) со топ менаџерот на Лукоил Александар Барков кој наводно бил во колата што прегази две жени во Москава [англиски]. Барков избегна криминални обвиненија иако доказите против него беа доста убедливи.
  • Блоговите се користат од Владата како канал за избегнување критички и радикални мислења додека го одржуваат политичкиот систем недопрен.
  • Блоговите не успеваат да обезбедат независна истрага (иако понекогаш се трудат). Понекогаш, блогерите кои даваат независна истрага се казнети од полицијата. Ова му се случи на Михаил Афанасиев [руски], Хакациски блогер кој се обиде да предложи алтернативна верзија за несреќата на браната Сајана- Шушенскаја.
  • Хиерархијата како рефлектор на руската општествена структура. Livejournal со неговите пријателски врски станал високо хиерархиски со топ блогери и сите други. За да се емитува глас на овој систем, еден од популарните блогери мора да промовира линк или корисник.
  • Платени блогери: луѓе, ботови, сплогови. Сите работи презентирани во глобалната мрежа се развиваат на РуНет (рускиот интернет), што во повеќе случаи води кон неколку основни мислења на блогери на некои мрежи.
  • Тролинг (наводно во некои случаи спонзориран од власта).

Влијанието на Владата во блогосферата

Форми на влијание од Владата на РуНет се повеќе се зголемува. Долу се неколку од нив:

Негативни форми на вмешаност:

  • Содржината е филтрирана и проверувана од обвинителството [англиски] врз основа на листата на материјали за екстремисти [руски]. Провајдерите се обвинети [англиски] ако одбијат да блокираат одредена веб-страна. Единственото добро нешто во овој вид на вмешаност е тоа што правната основа на блокирање е повеќе или помалку транспарентна. Како што покажува случајот на Димитриј Соловиев, резултатите социо-лингвистичката проверка може многу да зависат од местото кај што е извршена проверката.
  • Директното блокирање (блокирање на телефонските линии) е случај кога страната е блокирана после директна закана од властите. Многу од случаите се документирани тука и тука [англиски]. Ситуации со страни како објавувања на фајлови како torrents.ru и ifolder.ru исто така спаѓа во таа практика, иако мотивите во овој случај не се политички туку комерцијани.
  • ДДОС- напади врз веб-страните на весниците (Ведомости [англиски], Комерсант, Новаја Газета [англиски], биле нападнати минатата година).
  • Криминални случаи против блогерите и други форми на вознеммирување (Ирек Муртазин [англиски], Сергеј Перегородиев [руски] и други).
  • Анонимно објавување на компромитирачки материјал против лидерите на опозицијата (т.н Мумугат [англиски]).

Позитивни форми на вмешаност:

  • Бројни отварања на блогови на политичарите. Рејтингот на топ Влада е достапен тука [англиски].
  • Лансирање на партиски социјални мрежи (Соратники [англиски], Берлога [руски] и други).
  • Владин совет [руски] со блогери (досега учествувал само во еден регион, но може да се користи и во други) како форма на соработка/вклученост.

Како заклучок, рускиот интернет станува се повеќе политизирано и регулирно место. Со поголема доверба и број на читетели, блогерите се здобиваат со внимание од властите. Во исто време, структурата на блогосферата настојува офлајн да ја репродуцира социјалната структура со нејзините основи и хиерархија.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.