- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

БИСА: Израел мора да одбере

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Бахреин, Египет, Израел, Јордан, Обединети Арапски Емирати, Палестина, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Меѓународни односи, Најважни вести, Хуманитарен одговор, Човекови права

Осудите летаат од лево, десно, а и од центарот по израелскиот напад на флотата водена од Турција, упатена кон Газа за да достави хуманитарна помош и да ја скрши блокадата на палестинската енклава.

На Tвитер, Квин Нур Ал Хусеин на Јордан (Queen Noor Al Hussein of Jordan) твита [1]:

Време е Израелците да изберат меѓу живот во изолирана и осудена земја која го отфрла меѓународното и хуманитарното право или да се посвети на иднината во мир.

Султанот Ал Касеми на ОАР  забележува [2] со тешкотија:

O, видете, дури и суданскиот диктатор ги осудува нападите на израелскиот ѓаволски апартхејд. Сега се видов. #jumpingonthebandwagon

И Маријам, исто така од ОАР, се уште бара [3] реакција од Обединетите Нации за нападот:

Барам реакции од Бан Ки Мун за #freedomflotilla [4] (ослободете ја флотата). Последна објавена вест: Бан Ки Мун ги охрабрува жените да престанат со пушењето.

Во првиот од серијата твитови на кралицата на Јордан, Ранија вели [5]:

Шокирана сум од убивањата на цивили во меѓународни води #FreedomFlotilla [6]. Скршена сум од храброста и жртвувањето на оние луѓе на палубата во името на правдата.

Таа,vпотоа, додава [7]:

Секој брод кој се обидува да ја премине блокадата е брод на надежта за луѓето во  #Газа [8].

И неколку причини зошто:

#FreedomFlotilla [6] Факт бр.1: ЗДРАВЈЕ – 95% од водата во Газа е под стандардите на СЗО, изложувајќи илјадници новороденчиња на ризик од труења. PLZ RT! (извор [9])

#FreedomFlotilla [6] Факт бр.2: Едукација – 1/3 од училиштата беа уништени за време на нападите на Газа во 2009; тие се уште не се изградени. PLZ RT! (извор [10])

#FreedomFlotilla [6] Факт бр.3: СИРОМАШТИЈА – 80% од народот во Газа живеат под границата на сиромаштијата; 95% од приватните бизниси се затворени. PLZ RT! (извор [11])

#FreedomFlotilla [6] Факт бр.4: ХРАНА – Две третини од луѓето во Газа не знаат од каде ќе им дојде нивниот нареден оброк. PLZ RT! (извор [12])

Еѓипќанецот Абделрахман беше брз во одговорот [13] на кралицата:

@QueenRania روحى صحى جوزك قوليله قوم اسحب السفير يا منيل #FreedomFlotilla
@QueenRania Оди разбуди го сопругот и кажи му да го избрка амбасадорот (израелскиот)

Во Египет, Амира Хаувејди забележува [14]:

Ве молам, престанете да ја споредувате израелската армија со сомалиските пирати! Ова ги навредува пиратите кои не убиле никого #flotilla [15] #gaza [16]

Во меѓувреме, бахреинскиот државен министер за надворешни работи д-р Назар Ал Бахрана твита [17]:

Ние ја следиме состојбата преку нашиот и палестинскиот амбасадор во Јордан и МНР на Јордан да ги следи Бахреинците на бродовите од конвојот

И бахреинскиот министер за надворешни работи шеикот Каид Ал Калифа  извести [18] денеска:

Бахреинските затвореници само што се пуштени … Tие се во Јордан, на пат кон дома