- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Селфи кампања промовира меѓуверска толеранција и етничка разноликост во Мјанмар

Категории: Источна Азија, Мјанмар (Бурма), Граѓански медиуми, Младина, Политика, Протест, Религија, Човекови права
Myanmar My Friend Campaign [1]

Фотографија од Фејсбук страницата на #myfriend (мојот пријател) кампањата.

Селфи кампања [2] во Мјанмар промовира толеранција и другарување помеѓу растечки број на случаи со говор на омраза, дискриминација и маалски насилства низ земјата.

Фејсбук кампањата е предводена од млади луѓе од Јангон, најголемиот град во државата, и истата започна [3] минатиот април со повикување на јавноста да позираат за селфи со нивните пријатели кои припаѓаат на други етнички групи или религии.

Кампањата го користи хаштагот #myfriend (мојот пријател) и #friendship_has_no_boundaries (пријателството_не_познава_граници).

Од 2012, има наизменични судири [4] помеѓу некои будисти и малцинството [5] муслимани во централната, западната и северната [6] област на Мјанмар, вклучувајќи и во Меикхтила во централен [7] Мјанмар, каде куќите и на будистите и на муслиманските заедници беа изгорени [8] и илјадници луѓе беа раселени. Најсериозниот случај на ваков криминал и насилство се случи во октомври 2012 во областа Ракхине [9] во западен Мјанмар, каде рохингиа муслимани живеаа во кампови за бегалци во близина на градот Ситве. Владата во Мјанмар ги смета рохингјаните за илегални имигранти.

Во истовреме, онлајн говорот на омраза [10] и малтретирањето се широко распространети низ социјалните мрежи во Мјанмар, создавајќи атмосфера на нетолеранција и расизам.

Подолу се неколку фотографии од кампањата #MyFriend како доказ дека луѓето во Мјанмар, особено младите, се одлучни да ја прекинат омразата со покажување на почит и пријателство.

Хан Сет Лу, будист, прикачи [11] фотографија со неговата пријателка муслиманка:

Myanmar My Friend Campaign (5) [11]

Јас сум будист и мојата пријателка е муслиманка.
Јас сум момче, а таа е девојче.
Ние сме различни, но се прифаќаме еден со друг.
Животот не е вечен, уживајте во него сега.
Бидејќи пријателството нема граници.
#MyFriend
#Friendship_has_no_boundaries – looking for peace with May Khin

Роди Дин, христијанин, споделува [12] фотографија со неговата пријателка будистка од Тајланд:

Myanmar My Friend Campaign (3) [12]

„Јас сум [Христијанин/Чин_Мјанмар] и мојот пријател е [Будист/ Таи]”

Су Јаданар Мјинт, муслиманка, е горда [13] на нејзиното пријателство со Sikh:

Myanmar My Friend Campaign (4) [13]

Тој е Sikh а јас муслиманка.
Но, ние сме пријатели.
Иако имаме разлики, ги споделуваме нашите мислења и верувања, ги прифаќаме и почитуваме нашите различни идентитети. 
#Myfriend
#Friendship_has_no_boundaries