Селфи кампања во Мјанмар промовира толеранција и другарување помеѓу растечки број на случаи со говор на омраза, дискриминација и маалски насилства низ земјата.
Фејсбук кампањата е предводена од млади луѓе од Јангон, најголемиот град во државата, и истата започна минатиот април со повикување на јавноста да позираат за селфи со нивните пријатели кои припаѓаат на други етнички групи или религии.
Кампањата го користи хаштагот #myfriend (мојот пријател) и #friendship_has_no_boundaries (пријателството_не_познава_граници).
Од 2012, има наизменични судири помеѓу некои будисти и малцинството муслимани во централната, западната и северната област на Мјанмар, вклучувајќи и во Меикхтила во централен Мјанмар, каде куќите и на будистите и на муслиманските заедници беа изгорени и илјадници луѓе беа раселени. Најсериозниот случај на ваков криминал и насилство се случи во октомври 2012 во областа Ракхине во западен Мјанмар, каде рохингиа муслимани живеаа во кампови за бегалци во близина на градот Ситве. Владата во Мјанмар ги смета рохингјаните за илегални имигранти.
Во истовреме, онлајн говорот на омраза и малтретирањето се широко распространети низ социјалните мрежи во Мјанмар, создавајќи атмосфера на нетолеранција и расизам.
Подолу се неколку фотографии од кампањата #MyFriend како доказ дека луѓето во Мјанмар, особено младите, се одлучни да ја прекинат омразата со покажување на почит и пријателство.
Хан Сет Лу, будист, прикачи фотографија со неговата пријателка муслиманка:
Роди Дин, христијанин, споделува фотографија со неговата пријателка будистка од Тајланд:
Су Јаданар Мјинт, муслиманка, е горда на нејзиното пријателство со Sikh: