- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Човек уапсен затоа што преку Фејсбук го „навредил“ претседателот на Таџикистан

Категории: Централна Азија и Кавказ, Таџикистан, Граѓански медиуми, Политика, Слобода на говор

Агенти на управата за безбедност на Таџикистан притвориле корисник на Фејсбук затоа што го „навредил“ претседателот на таа земја. Според локалната новинска агенција Озодагон, 30-годишниот маж бил уапсен [1] (на руски) откако објавил „клеветнички“ слики и текстови на овој веб-сајт за социјално вмрежување.