Египет: Големиот Кинески ѕид доаѓа наскоро

Египетските блогери имаат една рака на нивните тастатури, а другата на нивните срца. После строгото казнување на блогерите и онлајн активистите по немирите на 6ти април, некои предвидуваат дека токму сега најлошото доаѓа.

Тарек, во Нот Гр33n Дата, пишува:

Секој ден станува сé посомнително, весниците го напаѓаат она што тие го нарекуваат “Темниот свет на интернетот”, тука можете да го прочитате написот од весникот Ал Ахрам [Ar]. Tие ги обвинуваат Египќаните затоа што користат интернет за … мм … озборувања, повикување на штрајкови, и објавување на видеа кои можат да ñ наштетат на египетската национална сигурност!

Знаете што, јас станувам сé поуверен сега, дека следниот чекор на владата ќе биде филтрирање на интернетот. Јас веќе од поодамна имав слични сомневања, но сега навистина се плашам дека тие може да започнат да го филтрираат интернетот овде во Египет многу наскоро, тие може да блокираат страници како Фејсбук, затоа што се смета дека 6-то априлскиот генерален штрајк беше организиран таму. Тие може исто така да го блокираат ЈуТјуб, и којзнае што може да биде блокирано следно.

Се чини дека Големиот Кинески ѕид е на својот пат кон Египет.

Мустафа Хусеин [Ar], исто така од Египет, е подеднакво разлутен од нападот на онлајн активистите. Тој го користи истиот стил на којшто беше напишан артиклот за да ја дискредитира веродостојноста на весниците и пишува:

Лесно изложени лаги, накитен јазик, навреди и обвинувања, неосновани вести, клевета и обиди да се прекинат добрите односи помеѓу граѓаните на нацијата. Ова е црна слика на нашето египетско официјално новинарство за жал. Црнилото е обоено од страна на неколкумина политичари, иако ова црнило сега го покрива најголем дел од користењето на ова средство за јавно информирање кое би требало да биде чисто и богато. Сега стана потреба читателите да заземат став за обесштетување на неурамнотеженоста во ова опасно средство за јавно информирање, неговата стабилност и слобода!

И покрај тоа што Египет се гордее со најголем број на читатели на весници во арапскиот свет, неодамна страдаше од злоупотреба на овој медиум, од страна на владата. Прочуените владини весници како Ал Ахрам и Ал Акхбар сега станаа прикладен форум за оние кои сакаат да ги доведат во заблуда читателите и да лажат, како и за размена на клевети и навреди кои му нанесуваат штета на Египет особено и оваа публикација генерално, додека цивилизираниот запад продолжува да го користи овој медиум на начин кој му користи на општеството. Замислените кампањи против весниците исто така беа покренати од страна на некои политичари во потрага по пари и моќ. Тие можеби се оние кои се кријат зад лажни имиња – и кои се собираат за ширење на пораки кои поттикнуваат заостанување и ширење на лаги.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.