- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Малезија: Организација ги застапува човековите права преку видео

Категории: Источна Азија, Малезија, Граѓански медиуми, Етничка припадност и раса, Уметност и култура, Филм, Човекови права

Интервју во EngageMedia [1] ја прикажува КОМАС [2], организација во Малезија која од 1993 користи видео продукција [3] како алатка за образување и промовирање на човековите права.

Ана Хар е директорот на Пусат КОМАС (Pusat Komunikasi Masyarakat) Општински Центар за Комуникации, и ја објаснува [1] улогата  која видеото ја има во нивните далекусежни програми каде што тие креираат ресурсни материјали, ги олеснуваат процесите, организираат заедници и одржуваат медиумски обуки на теми како што се анти- дискриминација, граѓанство и гласачко образование како и основи на адвокатство:

Комас  не е ни видео продукциска куќа ниту пак специјализираме во правењето филмови; ние тоа го гледаме како дел од стратегиската и креативна употреба на медиумските алатки за промовирање на човековите права.

Freedom Film Fest by KOMAS [4]

Фестивал на слободен филм од КОМАС

Среде љубовта и расата [5] е краток филм кој се фокусира на расната дискриминација, и е поставен од КОМАС во 2006. Во него, Анџела и Рашид се соочуваат со реакциите од пријателите и семејството заради нивната врска. Родителите на Анџела се противат бидејќи сакаат таа да има дечко кој е од кинеско потекло, а пак мајката на Рашид сака тој да има некоја фина девојка од Малезија, како што имаат пријателите на Рашид. Пријателката на Анџела, Јати, зборува мандарински бидејќи одела во кинеско училиште, така што во друштво на пријателите на Јати, Анџела повторно е изоставена бидејќи не го зборува јазикот на своето семејство.

Преку етикетирањето, стереотипите, дискриминацијата и очекувањата во врската со расата и љубовта, Анџела открива дека она што е важно се чувствата што таа и Рашид ги имаат еден за друг.

Во продолжение, КОМАС исто така, уште од 2003 го води документарниот фестивал за човекови права  Фестивал на слободен филм [6]во Малезија. Фестивалот вклучува натпревар во документарен филм [7] на кој може и новопечен режисер да даде предлог, а ако тој предлог победи дури и да се направи документарец од него, понатаму видео работилници и прикажувања на филмови; фестивалот стана платформа за прикажување на документарци за човекови права кои можеби немаат доволно комерцијална поткрепа или простор во меинстрим медиумите за да бидат експонирани. Фестивалот на слободен филм 2012 ќе биде на тема Демократија [8] со слоганот „Демократија – Кој шефува?”

Прегледот за фестивалот од 2011 [9] ни дава поглед на проблематиката  и темите што ги промовира фестивалот:

Еден од победниците на натпреварот во документарен филм за 2011 беше и Афик Дин, кој го режираше  Хуруф Џ [10], краток документарен филм за тешкотиите и дискриминацијата со кои се соочуваат разведените луѓе во Малезија. Општество што ги дели според нивната состојба, задолжување, сиромаштија и правен систем што не е способен да ги натера татковците да ги исполнат своите финансиски обврски кон своите деца се некои од пречките со кои овие жени се соочуваат кога сакаат да продолжат со своите животи. Филмот вклучува превод и аудио на англиски.

Со онлајн премиерата [11]на документарецот, Фестивалот на слободен филм бара од вас да го погледнете и разгледате документарецот [12] за да можат тие  да ги додадат вашите коментари на сајтот.