Куба: Различни мислења за посетата на папата Бенедикт

Сите линкови водат до текстови напишани на шпански, освен ако не е посочено поинаку.

Уште од 10-ти ноември, 2011 год., кога Ватикан го најави патувањето на папата Бенедикт во Куба и Мексико, единствените латиноамерикански земји кои ќе ги посети, кубанските блогери почнаа да ги изразуваат своите мислења.

Девет дена по официјалното соопштение, Јасмин Силвија Порталес на блогот на Фернандо Расвберг, „Писма од Куба“, објави статија во која ја става под прашање хегемонијата на католичката религија во Куба:

Opino que puestos en plan de identificar una religión nacional, nadie podrá negar que la competencia está entre las de origen africano, porque acá devinieron algo nuevo, porque sus símbolos y sesgos culturales atraviesan el sentido común de “lo cubano” sin respeto a clases, razas o géneros, porque es popular -en el mejor sentido de la palabra.

Јас мислам дека ако треба да определиме национална религија, никој не може да одрече дека конкуренцијата е помеѓу оние од африканско потекло. Овие религии станаа нешто ново во Куба. Симболите и културнaта пристрасност на афро-кубанските религии го преминуваат општото сфаќање за тоа што е „кубанско“ не земајќи ги предвид класата, расата или полот. Покрај тоа, овие религии се популарни во најдобра смисла на зборот.
Preparations in the Revolution Square for the visit of Pope Benedict XVI

Подготовки на Плоштадот на револуцијата за посетата на Папата Бенедикт XVI. Слика од Хорхе Луис Бањос.

Освен тоа, оваа кубанска блогерка која се нарекува себеси не-хетеросексуален марксист со африканско потекло, ги критикуваше ставовите на папата Бенедикт XVI во врска со „неодамнешните скандали со педофилите, со кои се соочи Католичката црква, употребата на презервативи и правото на развод.“

На оваа посета и претходи аџилакот на Девицата на милосрдноста од Кобре, која била прогласена за заштитничка на овој карипски остров на 10-ти мај 1916 год. и крунисана од папата Јован Павле Втори во јануари 1998 год.

Според блогерот и заштитник на сексуалната разнообразност Франциско Родригез, популарно познат како Пакито ел де Куба, „Девицата на милосрдноста претставува многу повеќе од религиозен симбол. Легендата за неа е дел од кубанската култура, извор на духовност за многу луѓе и извор на инспирација и единство во текот на поголем дел од нашата национална историја.“

Меѓутоа, според Пакито:

Benedicto XVI no es la Virgen, ni es un santo, ni creo que represente absolutamente ningún valor humano del cual yo me sienta parte. Comprendo, sin embargo, que su presencia en Cuba podría ser positiva y contribuir desde el punto de vista político a las relaciones exteriores del país y al diálogo con un sector de nuestra población.

Бенедикт XVI не е Девицата, не е ни светец, ниту пак верувам дека е претставник на некоја човечка вредност од која јас се чувствувам дел. Сепак, разбирам дека неговото присуство во Куба ќе биде позитивно и ќе помогне, од политичка гледна точка, во надворешните односи на нашата земја и дијалогот со дел од нашето население.

Заедницата ЛГБТ (хомосексуална заедница) од островот признава дека „не очекуваат ништо од посетата.“ Блогот El Nictálope потсетува:

Desde hace años [Benedicto XVI] atrae la atención del público a causa de sus obsesivas manifestaciones contra los derechos de los homosexuales y transexuales. Casi no transcurre un mes sin que el pontífice, de súbito, arremeta contra las familias homoparentales y el matrimonio igualitario. Como paradoja, parece haber sido tardo y reticente ante los casos de abuso infantil por parte de sacerdotes.

Со години [Бенедикт XVI] го привлекуваше вниманието на јавноста со неговите демонстрации против правата на хомосексуалците и транссексуалците. Едвај поминува еден месец без папата да почне да зборува против хомо-семејствата и рамноправниот брак. Парадоксално е тоа што, тој реагира бавно и неподготвено на случаите на злоупотреба на деца од страна на свештеници.

Од друга страна, блогот Santiago en mí, напишан од кубанската провинција каде што ќе се одржи првата миса, ја опишува посетата на папата и нејзиното значење со типичната смисла за хумор на Kубанците.

Lo cierto es que, hoy por hoy, la visita del Papa, y todo cuanto se mueve alrededor de la misma, está en el centro de la mira de los cubanos, quienes, sin renunciar jamás a la jocosidad que los caracteriza y que ha llevado a algún “reconocido sabio maestro” a afirmar que los cubanos “toman en serio los chistes y hacen chistes de lo serio”, achacan a la visita del máximo exponente de la iglesia católica cuanto bien o mal les ocurre por estos días.

Вистината е дека денес, посетата на папата и се она поврзано со неа, е во центарот на разговорите помеѓу Kубанците, кои без да се откажат од игривоста со која се карактеризираат и која довела до тоа да „еден добро познат мудар учител“ тврди дека „Кубанците ги сфаќаат шегите сериозно и прават шеги за тоа што е сериозно“, се она што им се случува, без разлика дали е добро или лошо, го припишуваат на посетата на поглаварот на Католичката црква.

Истовремено, опозицијата на островот, неодамна започна да ги окупира црквите во Хавана и Холгуин. Иако има различни верзии за овие настани, неколку медиуми известија дека отпаднички групи испратиле писмо до Надбискупот од Хавана, со цел да биде доставено до папата Бенедикт XVI. Според еден извештај од IPS:

Los reclamos del grupo del Partido Republicano Cubano incluyen excarcelación de presos, alza de salarios y pensiones, cese de persecución a opositores, derecho a propiedad privada y a crear medios alternativos de información, acceso a Internet, “marco legal para un estado de derecho” y libertad de viajar al extranjero.

Групата бара од кубанската влада ослободување на кубански затвореници, покачување на платите и пензиите, прекин на прогонувањето на противниците, право на приватна сопственост, создавање на алтернативни медиуми, пристап до интернет, „законска рамка за владеење на правото,“ и слобода за патување во странство.

Меѓутоа, соопштението за печатот од епархијата во Хавана, ја отфрли окупацијата на црквите:

Nadie tiene derecho a convertir los templos en trincheras políticas. Nadie tiene derecho a perturbar el espíritu celebrativo de los fieles cubanos, y de muchos otros ciudadanos, que aguardan con júbilo y esperanza la visita del Santo Padre Benedicto XVI a Cuba.

Никој нема право да ги претвора црквите во политички ровови. Никој нема право да го нарушува празничниот дух на религиозните Кубанци и многу други граѓани, кои радосно и со надеж ја очекуваат посетата на папата Бенедикт XVI на Куба.

Статијата од едиторијалот на официјалниот весник Гранма исто така предизвика различни мислења. Во статијата, службеното тело на Комунистичката партија на Куба повикува на „срдечен и пречек со почит“ за Бенедикт XVI.

Во еден пост, насловен „Строго лична исповед“, блогерот Луис Толедо Санде вели:

Dejemos a un lado el llamamiento a sentir afecto, opción que debe decidir cada quien según su conciencia y sus nociones manden.

Оставете го настрана повикот за срдечност, тоа е опција според која секој мора да одлучи онака како што налага неговата совест и мислење.

Последователно, Санде ја нагласува работата на кубанските власти со цел да осигураат почит при приемот на папата:

A la vista está, construido al pie del monumento a José Martí en la Plaza de la Revolución que lleva su nombre, una arcada temporal que, además de mostrar respeto al visitante, lo protegerá del fuerte sol caribeño, que ya a las 9 de la mañana provocará por estas fechas.

Таму е, изградена близу до споменикот на Хозе Марти на Плоштадот на револуцијата кој го носи неговото име, привремената порта, која покрај покажувањето почит кон посетителот, ќе го штити од силното карипско сонце кое во текот на тие денови ќе сјае уште од 9 часот наутро.

И покрај политичките и религиозни несогласувања, според некои кубански блогери оваа посета ќе биде позитивна: таа „се смета за значаен настан во оваа се уште млада 2012 година“.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.