Наградите за најдобар блог 2010, Best of blog Awards 2010, истакнаа мноштво од заносни блогови на 11 различни јазика. Еден од финалистите за најдобар блог на француски е Chez Gangoueus (француски). Реаси Оубонзи блогира на француски јазик за афричката литература и литературата на дијаспората (раселените) од перспектива на читател уште од 2007-мата година, книга по книга. Со тек на време, Chez Gangoueus се разви во единствен онлајн водич за африканските и расселените (дијаспора) читатели.
GV: Зошто воопшто отвори блог за книги?
Како тинејџер бев страстен читател, ја голтав (читав) секоја достапна книга во францускиот културен центар во Бразавил (Конго), каде што живеев. Роден сум во Франција, а родителите ми се од Конго, живеев по 18 гидини во секоја од овие држави, а сега живеам во Франција. Читањето одзема време, се откажав од него за време на моите студии по физика. И тогаш, еден ден, го гледав „Beloved (Драг)”, филм на Џонатан Деме базиран на книга напишана од нобеловецот Тони Морисон. Бев потресен од филмот и одлучив да прочитам една од нејзините книги. Таа ме наведе повторно да почнам да читам.
- Зошто се концентрираш на црнечка литература на француски?
Тоа беше промислен процес. Ме интересира да читам за тоа како се претставени црните луѓе и како се гледаат себе си. Го отворив блогот за да ги документирам моите познавања, па ајде да се соочиме, исто така бидејќи е прилично жестока реалноста и фактот дека не може да се најде никаков извор за африканската или црнечка литература на франкофонската веб страна, освен на онлајн магазинот Cultures Sud.
- Кои се актуелните трендови во африканската франкофонска литература?
- Ги испитувам авторите од која било африканска земја, француските територии на Антилите или во дијаспора (раселените), црнечката литература на големо. Дозволете ми да помислам: во Конго расцветува нова генерација писатели, инспирирани од инзвонредниот писател и интелектуалец Алаи Мабанкоу. Во Сенегал, шокиран сум од актуелното појавување на жени-писатели, на чело со писателката на најпродавани книги (бест селери) Мари Ндије. Забележав дека писателите од Камерун се директни и енергични, „плескајќи сè во фаца”, по кое што се познати. Мора да признаам дека ги гледам писателите од Нигерија со стравопочит, како што е Чинуа Ачебе. Од франкофонските писатели, можам да издвојам многу: Абдоурахман А. Вабери од Џибути, Џими Јума од Конго, Patrice Нгананг и Леонора Миано од Камерун… тие ми се во списокот на блогот.
- Африканските писатели сега редовно добиваат награди за француска литература, но повеќето од посочените се тотално непознати, невидливи во француските книжарници
- Црнечката литература во Франција има потешкотии со барањето на издавач, но исто така и читатели. Во франкофонска Африка, книгите тешко се издаваат, скапи се и тешко се наоѓаат. Но проблемот е на друго место. Ние, Западно-Африканците, можеме да пишуваме и да ги издаваме сопствените перспективи (гледишта), но исто така и да ги читаме. Некако, на Африканците им е тешко да читаат книги за нив самите. Тие бараат препораки на друго место. Мојот блог им нуди парче храброст на писателите: по илјадници посетители месечно го посетуваат мојот блог, 50% доаѓаат од Франција, 30% Западна Африка.
- Понекогаш знаеш да заскиташ и да ги испитуваш јапонските или латино-американските книги на твојот блог, но никогаш француската литература „од белците”.
Француската литература е премногу папочно-определена (navel-orientated). Не сме долго време на земјава. Ајде да мрднеме. А белите француски писатели се се уште целосно слепи за вистинските предизвици во Франција, бедата на црнечката и арапската младина која е лишена од секакви права во сиромашните предградија.
Зошто го одбра токму името „Chez Gangoueus” како име за твојот блог?
Ngangoué е моето средно конголско име. Се сметам за Западно-Африканец по припадност и култура, барав име кое ќе го рефлектира ова, па го додадов суфиксот us, во однос на латинската култура и имиња како Brutus, Octavius или Britannicus. Gangouéus го рефлектираше мојот двоен идентитет.
Секогаш ја фотографираш книгата која што ја читаш и тоа најчесто во јавниот превоз.
Затоа што тоа е местото каде што читам! Работата е работа, фамилијата е фамилија. Потрошеното време во Париз за комуницирање и работа ми стана време за читање!