- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Глобално: Протестите за поддршка на хуманитарната флота продолжуваат

Категории: Западна Европа, Источна и Централна Европа, Латинска Америка, Северна Америка, Среден Исток и Западна Африка, Бразил, Бугарија, Велика Британија, Израел, Либан, САД, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Меѓународни односи, Најважни вести, Политика, Протест, Слобода на говор, Хуманитарен одговор

Во деновите по нападот на израелските одбранбени сили [1] врз турскиот брод  (Mavi Marmara) [2] во кој загинаа деветмина, а голем број беа ранети, светот засведочи еден бран на поддршка за Газа. Неколку земји вклучувајќи ја Турција [3], Еквадор [4]и Јужна Африка [5] ги отповикаа нивните амбасадори од Израел додека останатите [6]повикаа на истрага за настаните од неутрална страна. Никарагва [4]отиде чекор подалеку со што целосно ги прекина односите со Израел.

Во исто време се одржаа демонстрации низ целиот свет. Од Стокхолм до Сан Паоло, активисти и загрижени граѓани излегоа на протести против насилството и израелската непрекината блокада на Газа.

Во Бејрут, демонстраторите носеа турски знамиња како поддршка за турскиот брод (Mavi Marmara).

[7]

Луѓето што протестираа во Бејрут носеа турски знамиња како поддршка за турскиот брод (Mavi Marmara). Фотографија на Мохтар Јонди.

На другата страна на светот во Бостон, американските демонстратори протестираа пред израелскиот конзулат, веејќи палестински знамиња и повикувајќи го претседателот Обама да ја осуди израелската акција.

[8]

Граѓани на Бостон собрани пред израелскиот конзулат. Фотографија на Анас Ктиш.

Протестите во Софија (главниот град на Бугарија) одржани со огромно палестинско знаме во знак на солидарност со Газа.

[9]

Протести во Бугарија со огромно палестинско знаме. Фотографија на Руслан Трад.

Протестите во Њујорк го наполнија  Тајм Сквер со палестински знамиња и пароли за поддршка.

[10]

Парола на протестите во Њујорк на која пишува „Израел убива цивили во самоодбрана“. Фотографија на asterix611.

Во Лондон, раперот и поет Лоуки [11] беше еден од водачите на една демонстрација, скандирајќи „смачено ни е“ заедно со другите демонстратори. Блогерот Have a Good Time пишува за појавувањето на Лоуки [11]:

Лоуки започнува со потсетување на британската публика за нивното соучество во израелскиот напад врз малата флота и опсадата на Газа. „Ние бевме таму преку нашите даноци: нашите даноци беа во куршумите испукани кон нашите браќа и сестри…нашите даноци беа таму, нашата Балфорска Декларација беше таму.“ Но раперот од депресивното потсетување на соучеството преминува на визијата за солидарност.„Кога фрлаат фосфорни бомби врз Газа, тие фрлаат фосфорни бомби врз нас…мораме да ја изразиме нашата солидарност со овие луѓе, бидејќи тие се исто што ние.“ Ние не сме само малата флота на слободата: ние сме Газа.  Како дополнување на знаењето дека сме предизвикале да се нанесе штета на Газа, ние ја чувствуваме таа штета како се одразува врз нас.

Протестот беше снимен на видео:

Авторот на Глобални Гласови (Global Voices) Рафаел Цавко Гарсија направи неколку фотографии од протестите во Сан Паоло во Бразил, кои ги објави на неговиот блог [12] со опис на самите протести.

[12]

Демонстратори во Сан Паоло носеа маици на кои имаше испишано: „Јас сум Палестинец“. Фотографија на Цавко Гарсија.

Самиот протест траеше кратко, околу еден час но говорите беа енергични и страствени. Извиците „Геноциден Израел“, „Нацистички Израел“ и „Слободна Палестина“ беа постојани, а исто така и разделивме летоци на минувачите. Тие, во главно не поддржаа, коментирајќи дека ситуацијата на Палестинците е апсурдна и одбивањето на Израел со нивните криминални постапки.

Тоа беше малa манифестација но исполнета со значење. Барем неколку луѓе го искажаа нивното незадоволство, гнев и дадоа на знаење дека нема да толерираат понатамошни напади.

За крај, ни Израел не беше поштеден од критиките на своите граѓани. Во Тел Авив, демонстратори со пароли протестираа против окупацијата. Според фотографот [13]еден од демонстраторите бил притворен како и еден против демонстратор.

[14]

Кликнете на сликата за да го видите оригиналот и превод на еврејските пароли. Фотографија на Дан Халуц.

Демонстранти се собраа [15] во пристанишниот град Ашдод и покрај обидите на полицијата да ги врати во Тел Авив.

[15]

Демонстранти на плажа во градот Ашдод. Фотографија на Маја Гварниери.