Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Ерменија – Азербејџан: Војна поради лукот

Иако Ерменија и Турција имаа расправија поради одлуката на УНЕСКО да внесат јадење кое се подготвува во двете земји на листата на Недостижно наследство, караницата поради храната изгледа се прошири и го опфати и Азербејџан.

Заклучени на тој горчлив пат поради расправиите за територија на Нагорно Карабак, околу 25,000 починаа во борбата меѓу Ерменија и Азербејџан во раните 90ти и еден милион беа присилени да ги напуштат своите домови. Постојаниот мир останува илузорен.

Како разултат на тоа, Ерменците и Азербејџанците отсекогаш претпочитале да ги превидат многубројните сличности кои ги споделуваат, но внатрешното етничко ривалство поради културата и традицијата е можеби најсилно поради поради храната. Кебапистан ја опишува сцената.

Почуствувајќи се  изгорени од одлуката на УНЕСКО, една група Ерменци преземаат чекори за зачувување на ерменската безвременска толма, која претставува полнети листови од грозје или друг зеленчук, кои исто така често се служат и во Турција, каде е позната под името долма.

[…]

Во меѓутоа, Азербејџанците покажаа дека се повеќе фокусирани кон заштитата на својата кујна, бидејќи веруваат дека Ермнците прават напори да им ја преземат нивната кулинарска територија. Азербејџан има сопствен кулинарски набљудувач, поточно организација која е наречена Национален кулинарски центар, чиј директор е Тахир Амирасланов. Тој поголем дел од своето време го минува вложувајќи напори за да му покаже на светот дека ерменската кујна е всушност азербеџанска кујна.

[…]

Останете со нас. Во оваа борба со храна, очигледно доаѓаат уште работи.

Артур Чапман на Фликр

Во Ерменија не помина долго откако се појавија уште работи, но сепак во не толку очекувана форма, откако еден историчар во Ерменија наводно откри дека лукот од Азербеџан е на продажба во неговиот локален супермаркет. И покрај што еден локален продавач изјави дека лукот беше највкусен и најефтин, некои локални медиуми одговорија хистерично.

Тамада Тејлс објаснува.

Ерменците се постојано на мета на можните напади од неспособен и глупав Азербејџанец, но кој може да очекува непријателска инфилтрација толку подмолна по природа? Лук, растен на азербејџанската непријателска почва, очигледно најде начин за продирање на двете земји низ границите и тогаш без напори се појави низ пиљарите низ главниот град на Ерменија, Јереван.

[…]

Загрижен граѓанин, Карапаќанец го затресе ѕвончето, а новинарите побрзаа за сцената. „Компанија за лук стационирана  на [Претеседателот Хајдер] Алијев Стрит во Баку е продадена на … ерменски супермаркет,” вели збунетиот историчар.

[…]

Oчигледно, некои се плашат дека лукот може да биде предвремен знак за војување . Истражувачите веќе ги замавтаа навредувачките главици од лук, но дали тие навреме реагираа, пред несвесните граѓани да го додадат азербејџанскиот лук во сосовите на долма или коровац? Еден новинар напиша: „Денес е лук, а утре може да биде нешто друго.“

Иронично, и покрај тоа, тоа не е прв пат азербејџанското производство да биде достапно за Ерменците. На пример, на крајот од ноември блогерката на Ианиан и Глобал Војсис авторката, Лиана Аџаниан, откри друг пример во еден ерменски супермаркет во САД.

Спротивно од ерменските медиуми, нејзиниот блог на Тумблр беше поентузијастички за ова неочекувано откритие.

Дипломатска калинка: џус од калинка, производ од Азербејаџан, купен од локален ерменски маркет, кој сега е веројатно во многу ерменски домови низ Лос Анџелес. Исто така, не можете да го видите тоа, но брендот на сок се вика „Вистинска работа.“ Премногу добро.

Во исто време, во Нагорно Карабак, Ерменците се уште имаат наклонетост кон азербејџанската кујна, а исто така се појави и побарувачка за ерменски производи и во Азербејџан, како што еден новинар од Карабак тоа го објаснува во Кавкаскиот круг на мировното новинарство.

За азербејџанските јадења се уште има голема побарувачка низ рестораните во Карабак. Насекаде низ регионот, луѓето со почит зборуваат за азербејџанската кујна. И покрај конфликтот кој постои помеѓу овие две нации повеќе од дваесет години, во многу ресторани клиентите можат да вкусат типично азербејџанско јадење покрај богатите понуди од кујната во Карабак.

[…]

Во сегашно време, и покрај големиот избор на понудата во продавниците, Игор Давтијан не ги менува своите навики. Дефинитивно тој пие само азербејџански чај, кој му е пратен од неговите роднини од Русија.

„Варам чај на многу конкретен начин. Никако не и верувам на жена ми. Таа не може да го приготви со истиот вкус. Нарачувам чај и моите роднини ми го праќаат од Русија, а тие самите го нарачуваат од Баку. Истовремено, моите роднини ми кажаа дека нивните соседи од Русија праќале ерменски вињак во Баку. Што можеме да сториме, таков е животот,“ вели Игор Давтијан.

[…]

Ерменија и Азербејџан немаат само територијални расправии, тие имаат расправии и за музиката, моделирањето на килимите, а особено за потеклото на јадењатаа. Ерменците и Азербејџанците се уште дискутираат за настанувањето на песната „Сари Гелин“ и кој ја измислил толмата. Како и за „етничкото потекло“ на шашлик [ГВ забелешка: скара], а во оваа дискусија се приклучија и Грузијците. Но, тоа е друга приказна…

Со големи тензии меѓу Ерменија и Азербејџан, жолчната расправија поради кујната веројатно ќе продолжи да ја засенува било која можност за споделена култура или трговија, која ќе ги спои овие две страни заедно. Секако тоа изгледа како случај за некои медиуми од регионов.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.