Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Колумбија: Салса песна го критикува брзиот превозен систем на автобусите

Една салса песна и видео го покажуваат страдањето кое возењето со Трансмиленио јавниот превозен систем во Богота го претставува за неговите корисници.

biarticulated bus in Bogota's transmilenio systemКриејтив Комонс лиценца, од Карлос Фелипе Пардо

Со хумор и точни стихови како и многу фотографии од пренатрупаност и оштети од кои корисниците страдаат секојдневно, салса песната „Она што немаме се седишта“ крена прашина на Интернет. Иако изведувачот на песната е анонимен, истата беше промовирана најпрво на Јутјуб од корисникот emmamikor со Криејтив Комонс Атрибјушн лиценца. На колумбискиот форум на Скајскраперсити каде се дискутираше за транспортната инфрастукура, transmillen3mundista веќе ја транскрибираше песната, која го опишува искуството на возење во полн Трансмиленио.

Incómodo voy en Transmilenio, que incómodo voy,
cuidado con las lozas rotas, pilas con los huecos.
Una vieja se subió, de muy mal genio y con mala cara
¿Qué es lo que pasa aquí, que hay tantas damas paradas?
¿Quién me cede un asiento? ¡aquí parece que no hay caballeros!
y yo me sentí indignado, pero con mucho respeto le dije:
Aquí hay caballeros señora, lo que no hay son asientos.
Aquí hay caballeros señora, lo que no hay son asientos. ¡Lo siento!

Се чувствувам неудобно кога сум во Трансмиленио, само колку неудобно
Внимателен по скршениот пат, внимателно по дупките.
Влегува жена со лошо расположение и вреска:
Што се случува тука, колку многу жени стојат?
Кој ќе ми отстапи место, изгледа како да немаме џентламени тука!

А јас се почувствував навреден, но со многу почит и одговорив:
Имаме џентлмен тука г-ѓо, она што немаме се седишта.
Имаме џентлмен тука г-ѓо, она што немаме се седишта. Жал ми е!

Следно е видеото со шпански и англиски превод:

Иако транспортниот систем Трансмиленио во Богота се користи како пример за позитивен урбанистички развој со години, изгледа дека градот го надмина системот. На пример, видеото направено од Streetfilms кое го нарекува Трансмиленио „светскиот најнапреден автобуски систем”. Во видеото, тимот е земен од поранешниот брат на градоначалникот и им е покажан системот од оние кои работат во него, и навистина изгледа како различен систем од оној покажан од „Она што немаме се седишта“. На крајот, споменуваат дека забележале дека има многу гужва во текот на денот, а гужвата не било снимена во текот на метежот…

Патниците не се единствените кои се изложени на малтретирање во Трансмиленио: кога каналот за вести Каракол испрати новинар за истражување на состојбата на патниците, неговиот паричник беше украден. Небезбедноста не е единствен проблем, како што и корисникот на Јутјуб Punkie54 се искажа преку својот ремикс пропратен со слики и прикази од патувањата во Трансмиленио со реге песната „Водење љубов преку облека”:

Конечно, transmillen3mundista сумира што е проблемот со системот на Трансмиленио: не напреднал.

La ciudad cambia continuamente, todo evoluciona. En 12 años seguimos con lo mismo de años atras, los mismos puentes, las mismas estaciones, el espacio publico. Han habido pocos cambios como el remplazo del piso de las estaciones y puentes por lozas de concreto, y otros detalles menores.
Los cambios son necesarios o caemos en la rutina, por otra parte no falta los que digan que si hacemos algo nuevo son mas costos.
El transmilenio se lleno todo de ese gris maluco; las lozas, estaciones, puentes, portales, humo, etc. Seria bueno un cambio que disminuya tanto gris, como integrando cubiertas verdes, pero ademas con un cambio profundo en el diseño de las dichosas troncales en pro de las zonas verdes…

Градот постојано се менува, се се развива. Во текот на последните 12 години ние ги имаме истите работи со години наназад: истите мостови, истите станици, јавни места. Имаше многу мали измени како што се замените на подовите на станиците и мостовите за пешачење и некои минијатурни детали.
Потребна е промена или пак ќе паднеме во рутина. Од друга страна ги имаме оние кои велат дека ако направат нешто ново, тогаш тоа би чинело. Треба да се намали досадната сива боја, тенките плочи, станиците, мостовите, високите порти, пушењето и.т.н. Би било добро да се види промена која би ја намалила таа сивост на градот, како што е посадување на зелени површини, но со длабока измена на дизајнот каде главните линии би биле пропратени со зелена површина.

 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.