Оваа објава е дел од нашата специјална репортажа Глобален развој 2011.
[Забелешка: Сите врски се на шпански]
Во Перу, официјалното потпишување на Одлуката 003 на 15 април, која дозволува увоз на генетски модифицирани (ГМ) семиња во земјата, продолжува да разгорува дебата меѓу оние во чија корист е генералната употреба на генетско модифицирани организми (ГМО) и оние кои се плашат од нејзината штетност на биодиверзитетот во земјата и здравјето на нејзините луѓе.
И покрај тоа што некои експерти ги одобруваат ГМ семињата со тврдење дека отпоротноста и особините на тие семиња ќе создадат помала земјоделска загуба, други експерти покажуваат сомнеж околу наводната безопасност на храната произлезена од ГМ жетви и ја предупредуваат јавноста од големата веројатност поленот од жетвите на ГМ да доведе до опрашување на дивите и домашни семиња, на овој начин предизвикувајќи неповратни измени на традиционалните растителни и овошни видови кои се дел од културното и природното богатство на локалните заедници.
Популарниот перуански готвач, Гастон Акурио, е убеден дека ГМ храна претставува закана за перуанскиот биодиверзитет. Акурио става акцент на наводните економски интереси на лобирачките групи кои одржува кампањи за одобрение на Одлуката 003 и сега бараат „Перунските интереси да бидат приоритетни, а не само оние кои засегаат само неколку индивидуалци“.
Ова прашање предизвика оставка на поранешниот министер за земјоделство, Рафаел Ќеведо, по откривањето дека тој е извршен директор на компанијата која произведува генетско модифицирани производи, како што откри новинарката Џеки Фоукс на нејзиниот блог Notas desde Lenovo.
Иако Ќеведо го отфрли ова обвинение, тој беше верен претставник на одгледувањето генетско модифицирани жетви во Перу. Освен тоа, еден од неговите советници, Александар Гробман поседуваше компании кои продавале ГМ семиња и тој тукушто е отпуштен од тековниот министер, Хорхе Виласанте.
Во меѓувреме, министерот за животна средина, Антонио Брак Ег, ја потсети земјата дека некои 65% од земјоделството во Перу зависи од биодиверзитетот во земјата, како извозот на државно производство и собирање на туристичко-генерирани приходи од 8 милијарди долари годишно.
Во Перу, увозот од ГМ пченка и соја единствено е дозволено ако производот треба да се употребува за исхрана на добитокот или ако се користи како додаток во исхраната како што е маслото или соиното млеко.
Пресметано е дека секој Перуанец конзумира 63кг генетски модифицирана пченка годишно. Фактот дека перуанските закони се уште не регулираат каква информација би требало да стои на етикетите од производите во однос на тоа дали храната содржи генетски модифицирани состојки е исто така проблем.
Неколку регионални организации бараат мораториум на Одлуката 003. Според Министерот за земјоделство, предложениот мораториум треба да трае пет години, со цел да се запре поголема јавна дебата и притоа да се информираат жителите на Перу за сите импликации поврзани со садењето и одгледувањето на ГМ семиња со цел да се постигне консензус за прашањето.
Националната конвенција за земјоденство во Перу, специјалисти, експерти за исхрана и граѓански организации не бараат мораториум, туку инсистираат за моментално укинување на Одлуката. Неколку локални влади (Кажамарка, Хуануко, Куско, Ајакучо, Сан Мартин, Ламбајеки и Лима Метрополитана) дури напишаа и уредби прогласувајќи се себеси за „ослободени од ГМ“ надевајќи се дека ќе ги заштитат различните домашни видови на компир и други локални производи.
По ова исто прашање, претседателството на Советот на министри утврди дека Мултисекторска комисија одговорна за создавање на предлози за регулирање на биолошката заштита треба да биде воспоставена најдоцна до 1 јуни 2011 па до крајот и да цели кон објавување на извештај во рок од 30 дена.
Дебатата доби големо значење во јавната сфера кога познатиот готвач Гастон Акурио се вмеша во збиднувањето и постојано беше активен на неговиот Фејсбук профил:
No estamos en contra de los transgénicos. Estamos en contra de que las semillas transgénicas puedan contaminar nuestra agricultura y que sean los vendedores de estas semillas los que nos quieran imponer este camino a traves de normas que ellos mismos redactan. La agricultura peruana es y sera una potencia mundial.
Ние не сме против ГМ производи. Ние сме против фактот дека ГМ семињата можат да го загадат нашето замјоделство и тоа е за луѓето кои го продаваат овие семиња и кои сакаат да ги наметнат нивните измислени правила врз нас. Земјоделството во Перу е и ќе биде препознатливо низ светот.
Нетизените во Перу имаат активна улога во прашањето, водејќи кампањи од различни переспективи. Блогот Toustodo расветли некои од постоечките ризици за воспоставување на ГМ одгледување во Перу:
Sabemos lo que está detrás de todo esto, como también sabemos las consecuencias ambientales que acarrearía; no solo son los inmensos intereses financieros y económicos que se solapan tras un manto de progreso, más aún sabiendo que de implementarse esta tecnología el Perú sería arrastrado a la inopia más brutal cuando solo cuenta con el 3.81 % de suelos aptos para cultivos en limpio y 37 % de suelo forestal.
Toustodo продолжува:
Por lo tanto, existen dos alternativas. La primera talar bosques y convertir el área en suelos cultivables, aún a costa de que sabe que son forestales; las consecuencias ecológicas, ambientales y económicas serán desastrosas. Segundo, comprar las tierras de los pobres, generando con esto caos social, desempleo, penurias…
Francisco Estrada истакнува дека одобрувањето на употребата на ГМ семиња ќе биде закана за малите фармери:
…pasemos al punto más maligno del asunto (…) Las semillas transgénicas tienen una patente. Es decir que los campesinos están obligados a pagar por esa semilla cada vez que quieran cultivar.
На нејзиниот блог Кивичита, Ана Марија Киспе нагласува дека поради тоа што е закана за одгледувањето на традиционална храна во селата, распространетоста на ГМ жетви постана причина за сиромаштија, лоша исхрана и поголема зависност од владината помош.
Алберто и Кети од блогот Cada Plato Es Una Fiesta, директно го обвинуваат Монсанто – фирмата која се смета за најголемиот произведувач на генетски модифицирани семиња – и листа на други еколошки, санитарни и економски опасности кои се претпоставува дека се поврзани со растењето на такви семиња.
На овој блог Антонио Веларде укажува на фактот дека меѓу претпоставените опасности, ризиците на јавното здравје се уште не се истражени:
En lo personal no consumiría estos productos sobre todo por precaución debido a que no estoy informado referente a los posibles efectos en la salud de las personas que consumen estos productos (…) es una vergüenza que viviendo en un territorio rico en recursos naturales y marinos nuestros gobernantes y los peruanos que están ligados a la agricultura, agropecuaria, pesca no sepan administrar estos recursos y lleguemos al extremo de importar productos de laboratorio que no estamos seguros de su peligrosidad.
Лично, не би ги конзумирал овие производи, пред се, поради претпазливост заради фактот дека не сум информиран за можните ефекти врз здравјето на личноста која ги конзумира овие производи (…) Неблагодарно е покрај живеењето во регион кој е богат со природни ресурси и маринци, министрите и Перуанците кои се поврзани со земјоделство, одгледување и риболов не знаат како да раководат со овие ресурси и поради тоа доаѓаат до решение да увезуваат производи кои се израснати во лабараторија и за чија безбедност не сме сигурни.
Социјалните мрежи се исто така вклучени во прашањето. Има Фејсбук страници кои се посветени на прашањето, создадени за директно спротивставување на ГМ производство.
На Твитер, Марија Хименез (@antitaurinahej) вели:
No a los transgénicos en el Perú o sino que se los coma todos Alan Garcia [el Presidente] http://tinyurl.com/3ejf3t3
Не на ГМ производите во Перу. Ако не [ претседателот] Алан Гарсија би требало да ги јаде сите: http://tinyurl.com/3ejf3t3
Додека Да Калмет (@ecoilora) вели:
O.o recórcholis!! En Huaral (INIA) se estarían preparando parcelas para cultivo de transgénicos http://bit.ly/kmyVo1 NO #transgénicos #perú
O.о Боже!! На земјата Хуарал [Националниот институт за земјоделски иновации] започна подготовка за растење на ГМ производи http://bit.ly/kmyVo1 НЕ#transgénicos #perú
Франциско Дракерм (@Drakerm) наведува на фактот дека истиот проблем е застапен и во Чиле:
PERU DILE NO A LOS TRANSGENICOS La guerra de las semillas transgénicas toma fuerza en Chile http://bbc.in/kdtqoL
ПЕРУ ВЕЛИ НЕ ЗА ГМ. Војната против ГМ семињата зема замав во Чиле http://bbc.in/kdtqoL
Дебатата продолжува да ги пали социјалните мрежи во Перу и сигурно е дека ќе има повеќе новости во јуни кога владината комисија одговорна за ситуацијата, ќе започне со ревидирање и предлагање на измени за регулирање на биолошката безбедност.
Оваа објава е дел од нашата специјална репортажа Глобален развој 2011.