Во овој исклучително поврзан свет, Сирија с ѐ уште заостанува многу; интернетот и беше претставен на јавноста дури во 2000 година и моментално пенетрацијата е со стапка од околу 17%. Покрај тоа најголемиот дел од корисниците сѐ уште се потпираат на dial-up модемите, што се должи на недостигот од широкопојасна интернет инфраструктура. Мобилните мрежи во Сирија беа лиценцирани во 2001 и уште од првиот ден медиумите се огласија со незадоволството од потрошувачите поради високите цени. Положбата во која се наоѓа сирискиот телекомуникациски сектор е во голема мера притиснат од американското ембарго, а исто така и од внатрешната корупција која се одвива помеѓу сиријските телкомуникациски тела.
Поради тоа сиријските блогери одлучија дека им е доста од постоечките цени на мобилните оператори – Syriatel и MTN Syria – и на услугите кои им ги нудат. Реакцијата дојде во форма на бојкот до мобилните оператори на 1-ви јуни, кој како датум беше одбран [арапски] од локалните медиуми.
Активистите ја изнесоа следнава порака:
قاطعوا الموبايل في واحد حزيران 2009
ساهموا معنا في الحملة الوطنية للضغط على شركات الاتصالات لتخفيض الفواتير أسوةً بالبلدان المجاورة […] ساهم معنا وانشر الخبر ليصل إلى أكبر عدد ممكن
Учествувајте со нас во националната кампања со цел да се влијае на телефонските компании да ги намалат цените на услугите како би биле слични со соседните земји […]. Придонесете веста да се рашири на што е можно повеќе луѓе.
Anarchist Queer одмерено вели [арапски]:
بالنسبة لي فأنا أقاطع الشركات ليس فقط لأجورها العالية وإنّما أيضاً
لأساليب النصب والاحتيال التي يتبعونها مع زبائنهم, وكنت شاهدة على ذلك
خلال فترة تدريبي في شركة إم تي إن قبل أن أقدم استقالتي.
На Twitter Salamm пишал [арапски]:
За крај, Somar од Syria Talk во реплика го кажува следново:
الموضوع الأهم أنو يحس الشباب أنو نحنا كلنا ايد وحدة..بغض النظر عن الدين والطوائف…لازم نجتمع لنغيير الوضع نحو الأفضل…طالما الأفضل هوي لنا جميعاً