Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Виетнам: Ресторан со кучешко месо

Блогерот hanoi scratchpad пишува за неговата неодамнешна посета во ресторан со кучешко месо во Ханои, Виетнам.

Јадењето кучешко месо има длабоки корени во Виетнам; тоа е пракса која преминува во ритуал и е поврзана со определени датуми во календарската година. Кучешкото месо (thịt chó) може да се јаде од различни причини, освен од кулинарско задоволство, како што се за зголемување на машката полова зрелост или за среќа.

Блогерот научил дека има седум начини како се готви кучешкото месо во виетнамската кујна. Еве ги тие седум начини:

Rựa Mận – Кучешко месо на пареа со паста од ракчиња, оризово брашно и лимонова трева
Giềng Me Mắm Tôm – Кучешко месо на пареа со паста од ракчиња, галангал и оцет од ориз
Thịt Chó Hấp – Кучешко месо на пареа
Thịt Chó Nướng – Кучешко месо на скара
Dồi Chó – Колбас од кучешко месо
Chó Xào Sả Ớt – Пржено куче со лимонова трева и чили
Canh Xáo Măng Chó – Супа од кучешко месо со бамбус

dog meat

И какво беше кучешкото месо?

Иако вкусно – освен кучешкиот колбас, кој не ми се допадна – тоа беше малку за да го направи вкусот на кучешкото месо неверојатно уникатно. Имајќи во предвид дека јагнешкото има различен вкус во повеќе од рецептите, вкусот на кучешкото месо се губи во процесот на негова подготовка. Кога кучешкото месо се подготвува како свинското месо, може лесно да биде свинско; кога се подготвува како говедското, може лесно да биде говедско.

Овој пост предизвика неколку остри коментари. Еве еден анонимен коментар:

Сурово и нечовечки е да се јаде месо од куче. Не сите Виетнамци сакаат да го јадат и јас мислам дека само луѓето од северот го јадат кучешкото месо, бидејќи се сиромашни и во минатото гладувале до смрт. Тоа е причината зошто ги јадат своите миленици и затоа било жива среќа ако некое милениче остане живо.

Друг лут коментар:

О БОЖЕ! Кучињата се најлојалните миленици. Ало??? Вие луѓе сте „чукнати“. Јадете за да живеете, а не живејте за да јадете. Ако некој рекол дека нема разлика помеѓу животните, тогаш можете да ги јадете и луѓето, како живи суштества бидејќи и тие се животни. Јадењето кучиња е неморално.

Овој анонимен коментатор пишува за тоа дека кучешкото месо не постоело во Сајгон во минатото.

Јас пораснав во Сајгон и го напуштив Виетнам во 1981 година. Пред крајот на војната во 1975 година, беше многу тешко да се најде кучешко месо на Југот. Тогаш, немаше „ресторани со кучешко месо“, барем не во Сајгон.

Откако завршила војната, многу Виетнамци од северот се преселиле на југот и тогаш почнале да се отвораат ресторани со кучешко месо. Мене тоа воопшто не ми беше вкусно.

dogmeat

hanoi scratchpad признава дека постојат легитимни причини зошто јадењето кучешко месо треба да се забрани, но тој ги отфрла сите аргументи на активистите за животните:

Земете во предвид дека Виетнам консумира неверојатни четири до пет милиони кучиња годишно. Ова е само груба бројка на мачки и кучиња кои се еутанизирани во Америка, во засолништата за животни. Па која земја е лидерот на цивилизираните вредности, нацијата која ги пали животните кои ги убива или нацијата која ги јаде животните?

Кучешкото месо се јаде во неколку соседни земји на Виетнам во Југоисточна Азија. Vutha е шокирана кога гледа кучешко месо во продавниците во Phnom Penh.

Има повеќе луѓе во Камбоџа што сакаат да јадат кучешко месо.

Во денешно време, има мали продавници кои кучешкото месо го употребуваат како храна за луѓе на кои им се допаѓа. Повеќе од кучињата се украдени и се продаваат во вакви продавници.

Gloria Esguerra Melencio е свесна дека јадењето кучешко месо е дел од културните и историските темели во некои домородни групи на Филипините , но оваа практика е веќе многу злоупотребена. Писателката објаснува детали за приготвувањето на кучешкото месо од страна на Филипинците:

1. Кучето се дави од позади, ненадејно. Ова се прави вака за да не може да каса. Му се замолкнува устата. Кучето се фрла во комбе или велосипед на три тркала и се вози многу брзо за никој да не забележи. Ако тоа се случи, се поткупува полицаец со банкнота од 500. Ако го купите кучето од сопственик, на кој му требаат пари , ставете го во кеса. Носете ја оваа кеса на грб.

2. Извадете го кучето од вреќата. Удрете го по главата со шилецот на дрвото. Повторете го ова неколку пати додека не биде мртво.

3. Закачете го кучето на колец да виси надолу. Расечете го гркланот. Ставете го во басен за да му истече цела крв. Попрскајте со ориз и сол на крвта додека не се згрутчи. (Крвта од црните кучиња е можен лек против туберкулозата, е едно народно верување во Негрос)

4. Изгорете го крзното со силен пламен. Рендајте ја кожата додека не биде бела.

5. Исечете на парчиња. Измијте ги.

6. Ставете го кучешкото месо во голема тава. Варете го во оцет еден час.

7. Додадете малку вода и сол. Сè уште не мешајте. Оставете да потстои неколку минути.

8. Гответе на тивко. Додадете компири, соја сос и малку црн бибер.

9. Ставете сос од домати, доматна паста, жолт и зелен грашок и гарнирајте со многу лаворов лист

10. Сервирајте со пиво со многу мраз или џин.

Сликите се од блогот на hanoi scratchpad .

4 коментари

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.