- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Миграциони рути и статистика на Југоисточна Азија

Категории: Источна Азија, Индонезија, Малезија, Мјанмар (Бурма), Граѓански медиуми, Етничка припадност и раса, Меѓународни односи, Миграција и имиграција, Политика, Хуманитарен одговор, Човекови права

southeast asia migrant crossings [1]Меѓународната организација за миграции издаде [1] мапа која ги прикажува рутите по кои се движат бегалците со брод од Бангладеш и Мјанмар кога бараат засолниште во неколку земји од југоисточна Азија.

Почнувајќи од 19 мај, 2015, ИОМ проценува дека 4,000 бегалци се уште се заглавени во морето, додека 3,200 веќе пристигнале во Малезија и Индонезија.

Малезија и Индонезија првично ги отфрлија [2] бегалците, но сега тие се подготвени да ги спасат оние кои биле жртви на трговија со луѓе.