Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Најдобриот ирски блогер за економската криза си даде отказ

Анонимниот блогер кој стои зад Namawinelake, проминентен блог кој ги архивира напорите на Ирска за справување со економската криза, престана да објавува, предизвикувајќи бран на шпекулации за идентитетот на блогерот и неговите или нејзините причини за прекинување.

Namawinelake беше лансиран во јануари 2010 откако финансиската криза ја погоди земјата и владата беше принудена да побара план за излез од тројката, составена од Европската Унија, Европската Централна банка и Меѓународниот монетарен фонд. Како што укажува насловот, извештаите на Namawinelake се фокусираа на Агенцијата за менаџмент на националните средства (NAMA), државна агенција, основана во 2009 како дел од владиниот одговор на финансиската криза.

NAMA ја исполнуваше улогата на „лоша банка“, купувајќи имот со ниска вредност од банките и продавајќи го потоа, ефективно надоместувајќи ја загубата на приватните банки или компании со цел да им обезбеди ликвидност. Namawinelake беше еден од многуте критичари кој ја обвини NAMA за расфрлање на јавните пари во корист на банките.

screen shot of the NAMA Wine Lake blog homepage as of May 19 2013

Слика од екранот на почетната страница на блогот на Namawinelakes на 19 мај, 2013

Јагдип Синг, псевдонимот под кој Namawinelakes понекогаш пишува, ја соопшти одлуката на 19 мај, 2013 со кратка порака на блогот:

По 3 ипол години и 2.700 објави на блог, ова е последната објава на NAMA. Навистина жалам што не можам да продолжам нешто што постана работа со полно работно време и ме спречи да водам нормален живот.

Јагдип додава дека постоечките објави ќе останат достапни. Дополнително, авторот објави мистериозна порака на веб-сајтот:

Панда влегува во бар. Часовникот одбројува 3 часот и 29 минути, иако втората стрелка е скршена и е заглавена на 59. Пандата седнува на шанкот и разгледува наоколу. Има пар во ќошето кој води тивок разговор, и еден сам човек на другиот крај на барот. Пандата нарачува пинаколада и бара да и го стават пијалакот во висока чаша. Парот во ќошето погледнува, пандата значајно гледа во нив, парот го свртува погледот и гледа во масата. Барменот доаѓа до пандата и вели „Слушам, блогот нема да продолжи“, а пандата вели „Навистина жалам што не можам да продолжам нешто што беше повеќе од постојана работа и ме спречи во водењето на нормален живот“. Во истиот момент, втората стрелка забрзува со едно движење на 60.

Која е причината што пандата не го продолжува блогот?

Ирскиот новинар Лаура Нонан (@LauraNoonanIRL) го сумираше генералното чувство кај ирските корисници на Твитер кога Namawinelake ја најави одлуката да не продолжи со блогот:

@LauraNoonanIRL: Крај на една ера откако блогот @namawinelake дојде до својот крај. Задолжително четиво за секој кој ги следи ирските банки/средства, ќе недостига.

Блогерот под закана?

Не е јасна точната причина зошто блогерот решил да престане да пишува. Но некои, како што е корисникот на Твитер „earlofcork“ (@urlofcork), се сомнева дека одлуката да престане е поради некаква закана:

@urlofcork: 2 дена откако Namawinelake рече дека ќе престане да блогира, поради правни закани од NAMA, фрли светло на таа тема и сега е затворен

Две недели пред да го најави затворањето на блогот, авторот на Namawinelake напиша напис кој го содржи контекстот на писмо со закана за правно дејство испратено до него од адвокатите од Северна Ирска, Џонсонс. Тој објаснува дека во претходен напис, Nawawinlake неточно навел дека Нил Адаир е шеф на Мејпл 10 или т.н. англо златен круг, група на финансиери кои добиле позајмици од Англо-ирската банка за возврат на купените акции. И покрај брзата исправка и извинување, блогот беше обвинет од адвокатите дека намерно и со умисла се обидел да нанесе штета на угледот на Нил Адаир.

На Твитер, професорот по економија на Универзитетскиот колеџ Даблин, Карл Велхан (@WhelanKarl) го посочи писмото како можна причина за заминувањето на блогерот:

@WhelanKarl: Врз основа на оваа објава и тонот на денешниот напис, немаше да бидам изненаден доколку затворањето на блогот е поврзано со ова писмо. http://namawinelake.wordpress.com/2013/05/05/how-paul-tweeds-johnsons-solicitors-are-trying-to-muzzle-the-namawinelake-blog/ …

Под закана или не, економистот и блогер Константин Грудџиев го нагласи недостатокот на поддршка за независните објавувачи на информации во Ирска:

Можам да потврдам од своите и искуствата на другите дека оние од нас кои водат било што независно од официјалните изјави (без оглед на политичката/идеолошката ориентација или дури и недостатокот од таквата) имаат нула поддршка (морална или цитирачка – и што се однесува до линкови) од нашите интерни (да не бидат помешани со меѓународни) медиуми и бизниси.

Оние во нашето општество, вклучително и традиционалните медиуми, кои само имаат корист од бесплатните анализи и климата на отвореност и дебата која независниот аналитичар помогна да се преферира и поддржува, вклучувајќи приходи од рекламирање, линкови, цитати и читатели, оние кои не нудат алтернатива туку консензус.

Спротивно, независни аналитичари во Ирска работат во средина со константен, вообичаено индиректен, мек притисок од дел од ирското општество кое е целосно подредено со официјалната елита. Овој подреден подгранок на Ирска често има директна и индиректна поддршка (вклучително финансиска) од големи бизниси, политички и идеолошки организации во оваа земја, и дури од европските организации. Заради ова, новите независни медиуми во Ирска остануваат релативно мали, без ресурси и често маргинализирани.

Во меѓувреме, неколку коментатори на IrishEconomy.ie му честитаа и му се заблагодарија на авторот на Namawinelake.

Гавин Костик напиша:

Честитки на вашето вонредно достигнување.

Вашата иницијатива и упорност ни покажаа како граѓаните можат да ги земат работите во нивните раце и да влијаат на јавниот живот. Времето и напорот за да го сработите она што го направивте е вчудовидувачки.

Давид О’Донел се сложи:

Пример за активно граѓанство и фрлање светло на неразбирливиот свет на NAMA_land. Ви благодариме!

Георг Р. Бауман додаде пофалби за авторот:

Се сеќавам на твојот блог уште од првиот ден, беше инспирација, ниво на новинарство кое надалеку ги надминува спинуваните мејнстрим медиуми и жолтиот печат кои го оформуваат пејсажот на ирските медиуми. На некој начин, за мене секогаш беше ирска верзија на WikiLeaks, го рефлектираше истиот дух.

Останува едно прашање: Кој е блогерот кој стои зад Namawinelake? Играта на погодување веќе започна на Твитер:

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.